Зошто е сега одлично време да ја проверите Lords of the Fallen?

во гејминг

Првата Lords of the Fallen излезе во 2014 година. Тогаш, оваа игра беше една од првите souls-like или dark souls алтернативи, како и да сакате да ги кажете. И не беше премногу добра. Втората Lords of the Fallen помина низ толку проблематичен период на развивање да, искрено, мислевме дека никогаш нема ни да излезе. Менувањето развојни студиа, константното прекрстување на играта и ред други проблематични случки допринесоа да немаме голем верба во проектот на CI Games. Играта излезе во 2023 година и, изненадувачки, навистина не беше лоша. Развојното студио HEXWORKS направи солидна работа со насловот и, најважно од се, не се откажа и континуирано исфрлаше надополнувања полни со корисни содржини и исправки. Поради сите овие причини решивме одново да се навратиме на играта и да ви кажеме зошто баш сега е одлично време да ја проверите Lords of the Fallen.

Подемот на паднатите господари

Ако сте играле Dark Souls игра тогаш точно знаете што да очекувате од Lords of the Fallen. Се работи за исклучително предизвикувачка акциона RPG игра каде акцентот е на истражувањето, битките и константанта надградба и потреба да бидете подобри. Доколку решите сега да навлезете во мрачниот свет и да пробате да ставите крај на демонот Adyr ќе забележите:

  • драстични подобрување во поглед на перформансите
  • бројни исправки на багови
  • подобри можности за прилагодување на тежината

Како и да е, имате на располагање неколку класи. Секоја од класите е внимателно оптимизирана и нуди поразлична форма на преигрување. Една од најиновативните механики во Lords of the Fallen е користењето на магичниот фенер. Со овој фенер можете да ја пробивате реалноста и да гледате во доменот на мртвите. Светлото од фенерот открива еден вид мапа во мапа, со што се создаваат одлични услови за решавање загатки и инвентивно преминување од една до друга точка.

Втората забавна механика е поврзана со патувањето во светот на мртвите. Имено, доколку се случи да ве убијат, ќе се префрлите во светот на мртвите. Логички, нели. Никој нема да ве пресретне таму со раширени раце и што повеќе време се задржите, толку поопасно станува. И двата света се прекрасно осмислени, со различни области и бројни награди кои знаат како да ве мотивираат за да се трудите да поминете низ играта до самиот крај.

Иако не сме преголеми фанови на вакви souls like игри, истражувањето е клучната компонента која константно не држеше залепени за играта. Областите и непријателите се мрачни, но крајно уникатни, особено босовите. Згора на тоа, битките се прекрасни, со еден куп оружја и магии. Управувањето е флуидно, дозволувајќи ви да избегнувате ударци или да блокирате напади. Оружјата кои ги користите имаат посебна тежина; вистинско задоволство е да сте изложени на константното визуелно и аудио борбардирање на вашите сетила. Кога сме кај тоа, покрај импресивните звучни ефекти, апсолутно бевме одушевени и од музиката.

Кога ќе се земе се во предвид Lords of the Fallen е прекрасна souls like игра која нуди задоволителни механики за истражување и битки. Споредено со играта од 2014-та година, оваа игра е подобрата алтернатива и, кога би морале да бирате помеѓу нив, дефинитивно одете со втората. Нешто што не споменавме, а дефинитивно требаше, е тоа дека не мора да навлезете во мрачниот свет сами. Lords of the Fallen се одликува и со солиден мултиплеер систем каде со заеднички сили истражувате и ставате крај на демоните.

Над 30 надополнувања за само една година

Последната причина поради која баш сега ја препорачуваме Lords of the Fallen е неодамна излезеното надополнување. Закрпата 1.7 значително го подобрува системот со битките, прилагодување на NPC Beckon системот и бројни дополнителни исправики. За сите најнови промени кои се провлекува во играта деновиве можете да се информирате тука.

Пред година дена Lords of the Fallen беше катастрофа на PC, со лоша оптимизација, багови и бројни технички проблеми кои ја правеа играта буквално неигрива. Иако сите беа импресионирани од преубавиот дизајн на мапите и непријателите, како и на задоволителниот систем за битки, техничките главоболки беа неиздржливи. Не повеќе. Сега е одлично време за навлегување во светот на Lords of the Fallen!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: HEXWORKS
  • ИздаваCI Games
  • Жанр: акција, RPG
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 13 октомври 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk