Писателите знаат колку е исклучително важно сите коцки да се вклопат и правилно да се навлезе во „зоната“ од која се црпе инспирација. Но, таквото нешто знае да биде огромен предизвик. Во спротивно, писателска блокада не би бил термин кој толку често се спомнува во овие интелектуални кругови.
Најновата петта верзија на Frost, ви помага полесно да навлезете во инспиративната зона така што ви дозволува да пишувате на платформа која се прилагодува според вашето расположение. За таа цел, Frost ви дозволува да го пишувате вашиот расказ, книга, или што и да е, така што првин избирате некоја визуелно соодветна тема која ќе биде пропратена со инспиративни музичка трака.
Текстот кој го читате сега го напишавме преку веб апликацијата и, мора да признаеме, пријатно сме изненадени од зен искуството кое ни беше понудено, со минималистички елементи, се со цел да не ни се одвлекува вниманието. Но, доколку сакате да одите дополнителен чекор, имате на располагање апликација која ја инсталирате на вашиот компјутер.

Апликацијата се одликува со сите теми и музика како и веб решението, а наизменична синхронизација допринесува да независно што и да користите секогаш се навраќате на последното нешто што сте го напишале. За ова дополнително помага и iOS апликацијата која ви дозволува да пишувате кратки идеи во моментот кога ќе ви текне, за да инстантно добиете пристап до нив кога подоцна ќе седнете пред апликацијата на компјутер.







