Тестирајте ја брзината на вашето пишување со тастатура со Monkeytype

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Денеска, поголемиот дел од корисниците пишуваат релативно брзо со тастатура. Но, она што е брзо за еден корисник, може да е болно споро за друг. Колку брзо е навистина брзо, и обратно? Monkeytype е спремен да го одговори прашањето.

Monkeytype е минималистички и високо-прилагодлив тест која ја тестира ем брзината ем прецизноста со која пишувате. Преку нудење неколку режими за тестирање, Monkeytype обично ги создава тестовите од 200 зборови кои често се употребуваат во англискиот јазик, но бројката од најчесто користени зборови за генерирање тестови може да скокне до 1000.

Со посетување на сајтот, добивате тест кој е создаден со основните параметри, но во опциите можете да вршите дополнителни прилагодувања, неисклучувајќи и можности за имплементирање одредени визуелни промени (доколку не сте задоволни од моментниот дизајн). За време и по завршување на тестот, добивате корисни статистички податоци како:

  • wmp – ова е бројот на карактери на точно напишани зборови, заедно со празниот простор помеѓу зборовите
  • raw wmp – исто како wmp, но се земаат во предвид и погрешно напишаните зборови
  • acc – процентна вредност на точно претиснати копчиња
  • char – точни и неточни карактери
  • consistency – процентуалната вредност се заснова на raw wpm и што поблиску до 100% – тоа подобро!

По завршување на тестот, добивате детален увид за сработеното, како и корисни графикони.

Од друга страна, можеби сакате да вежбате пишување на тастатура, а потоа да се тестирате. Доколку тоа е случајот, имаме игра баш како за вас! Се работи за ZType – едноставна, но забавна игра со пишување зборови!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments