Што ќе најдете во METAL GEAR SOLID: MASTER COLLECTION VOL. 1?

Во октомври 2023 година, издавачот KONAMI ја објави колекцијата METAL GEAR SOLID: MASTER COLLECTION VOL. 1 за PC и за конзолите.

Колекцијата се покажа како вистински погодок, особено за долго-годишните фанови на првите игри кои сакаат да ги заиграат насловите на најновите конзоли.

Во случај да не сте сигурни што сѐ може да сe најде во целата колекција, би сакале да ја искористиме оваа можност на кратко да ве запознаеме со сите содржини.

Сѐ или нешто?

Имајте во предвид дека покрај тоа што можете да ја купите целата колекција за 60 евра, можете да купите и само одредени делови од неа.

Општо гледано, METAL GEAR SOLID: MASTER COLLECTION VOL. 1 ги има уредно спакувано првите игри од серијалот заедно со бројни бонус содржини.

METAL GEAR & METAL GEAR 2: Solid Snake

Првата Metal Gear игра се појави во далечната 1987 година. Играта, предводена од Коџима, успешно го осмисли урнекот за прикрадувањето, избегнување битки и незабележано провлекување низ непријателската територија.

Metal Gear 2: Solid Snake успешно се надоврзува и ги проширува механиките успоставени со првата игра.

На времето, двојката беше фалена за привлекување на вниманието на непријателите со удирање по ѕидовите, реагирање на одењето на Снејк, како и имање радар за детекција на непријателите.

Metal Gear 

Првата 3D игра од овој серијал излезе во 1998 година и, на времето, прикажа исклучително импресивна игра, како во погледот на визуелното, така и во поглед на техничкото достигнување.

Како дел од колекцијата METAL GEAR SOLID – Master Collection Version, покрај првата тродимензионална игра, ќе добиете пристап и до сценариото за играта и дополнителни книги кои се полни со детали за приказната и ликовите.

METAL GEAR SOLID 2: Sons of Liberty (HD Collection version) 

METAL GEAR SOLID 2: Sons of Liberty e, всушност, четвртата игра во серијалот, односно втората 3D игра.

Доколку не сте ја играле на времето, Sons of Liberty се труди (и успева) да раскаже приказна која е поделена во два дела. Во поглавјето Tanker, Солид Снејк е во потрага по тајно нуклеарно оружје, а во поглавјето Plant, Рајден се инфилтрира во терористичко гнездо.

Покрај играта, која е надградена за да пружи повисоки резолуции, ќе го добиете и сценариото и книгата за поинтимно запознавање со ликовите и приказната.

METAL GEAR SOLID 3: Snake Eater

И ако третата 3D игра, Snake Eater ja обработува приказната за почетоците на Нејкд Снејк и неговиот ментор.

На времето, играта ги импресионира критичарите со веродостојно прикажување на џунгли, користење камуфлажа, како и нови акциони елементи, како ловење животни за храна или за подобрување кондиција.

Како шлаг на тортата, се истакнување и таканаречениот  Close Quarters Combat (CQC) – систем за користење боречки вештини за брзо и ефикасно елименирање непријатели кои се во непосредна близина.

Сосема очекувано, и оваа игра го содржи сценариото и книгата која дава дополнителен увид во ликовите и приказната.

Бројни бонус содржини во форма на стрипови, романи и оригинални верзии на игри

Како што напоменавме, доколку се земе комплетната верзија, ќе се отклучи пристап и на дополнителни дигитални добра.

METAL GEAR SOLID: MASTER COLLECTION Vol.1 BONUS CONTENT дава пристап до две регионални верзии на Metal Gear, оригиналната верзија на Snake’s Revenge, како и два графички романи и музичка подлога.

Што мислите вие за колекцијата?

Се чини дека мислењето на гејмерите е поделено. Од една страна, голем број гејмери се задоволни што конечно можат (одново) да навлезат во првите авантури на Снејк.

Од друга страна, голем број се разочарани од, наводно, мрзеливиот порт исполнет со бројни багови и проблеми.

Ние се дружевме со игрите и иако делуваат доста застарени и, подразбирливо, лишени од бројни модерни предности, сепак беа апсолутно функционални, особено на Steam Deck!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk