ININvasion нападна на Xbox со 6 класични игри!

Одредени инвазии воошто не се лоши, особено кога се случуваат во индустријата со игрите. Па така, издавачите ININ ослободија врз Xbox популацијата, не една, не три, туку шест добро-познати класични игри од едно далечно време. Доколку имате Xbox, подгответе се на носталгична инвазија од следниве наслови: Pocky & Rocky: Reshrined, Panorama Cotton, Cotton 100%, Clockwork Aquario, ULTRACORE и Irem Collection 1.

За Irem Collection 1 пишувавме неодамна и доколку ве интересира што поточно се крие во оваа колекција, дефинитивно кликнете тука!

Но, што е со останатите игри? Одиме по ред!

Pocky & Rocky: Reshrined

Со подобрена графика и истата носталгична музичка подлога, Поки и Роки уште еднаш ќе ви покажат зошто е впечатлив легендарниот серијал на NatsumeAtari и Tengo Project. За да се соочите со бројните планински чудовишта, можете да играте и со еден од тројцата нови ликови!

Clockwork Aquario

Насловено како изгубеното аркадно богатство од деведеситете, за Clockwork Aquario често се и шегуваат дека е една од најдолго развиваната игра – 30 години во развивање и соработка помеѓу ININ, SLG, и Westone! Сами или со пријател, одберете го вашиот омилен лик и соочете се со бројните непријатели и босови скокајќи и трчајќи низ живописниот свет!

ULTRACORE

Првенствено развивана од DICE за системите Genesis and Amiga, Ultracore подоцна беше фрлена во заборав од Psygnosis во 1994 година. За среќа, играта повторно е достапна благодарение на Strictly Limited Games и ININ. Се работи за интересна пукачка игра, со забавни примеси на платформер.

Cotton 100%

А кога сме кај пукачки и неодоливо слатки игри, нема да најдете подобар избор од Cotton 100%. Играјте со Силк и поминете низ 5 магични стази летајќи на метла и уништувајќи ги бројните суштества со вашите импресивни вештерски моќи!

Panorama Cotton

И како последна игра од инвазијата на ININ, имаме уште една пукачка игра, но од малку поразлична перспектива. Интересен факт: се работи за долго-очекуваниот продолжеток на Cotton 100% (пст, играта за која пишувавме погоре!). Така да, доколку сте фанови на Cotton Cute ‘em up серијалот и сакате уште летање и сеење хаос, па, ова е уште една игра за вас, која ве чека да ја проверите уште од далечната 1994 година!

____________________________________________

Скоро целата колекција се појавува ексклузивно за XBOX и, со малку среќа, работиме на екстра клучеви кои би можеле да ги подариме на нашите читатели, останете со нас! :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments