Од крипто-крал до затвореник, кој е Сем Бенкмен-Фрајд

во Вести

Сем Бенкмен-Фрајд е обвинет за една од најголемите финансиски измами во историјата. Тој на барање на Комисија за хартии од вредност на САД е уапсен овој понеделник на Бахамите и чека екстрадиција. Против него се поднесени обвиненија за електронска измама, измама со хартии од вредност, измама со стоки и перење пари. Обвинет е за измама на заемодавците, инвеститорите и корисниците.

Доколку сакате подетално да прочитате за колапсот на втората најголема крипто-берза во светот, кликнете тука.

Едно од обвиненијата е и за прекршување на законите за финансирање на политичка кампања. Според обвинителот десетици милиони долари од парите кои ги украл од своите клиенти ги „инвестирал“ во политички кампањи на претставниците од двете најголеми партии во САД.  Целта на СБФ била да си купи влијание во Вашингтон и да може да влијае на одлуките. Најголемиот дел од 40 милиони долари – колку што инвестирал во политички кампањи биле до претставници на Демократите. Против СБФ се очекува да бидат покренати три судски спора. Првиот е кривичен спор за кој има 8 обвиненија за електронска измама. Комисијата за трговија со фјучерси на стокa започна граѓански спор. Обвиненија ќе поднесе и обвинителот од Јужниот округ на Њујорк.

Не така одамна Сем Бенкмен-Фрајд беше споредуван со Ворен Бафет и го викаа „Крипто крал“. Во октомври неговото богатство беше проценето на 15 милијарди долари. Од пред еден месец берзата FTX е банкротирана и им должи 3,1 милијарди на инвеститорите.

FTX е берза на крипто валути со седиште на Бахамите, основана во 2019 година. Како и останатите берзи им овозможуваше на клиентите да менуваат пари за крипто валути. Во јули 2021 берзата беше на својот врв со милион корисници. Во овој период FTX беше трета најголема берза според количината на тргување. Од ноември берзата е банкротирана.

Актуелниот директор на FTX, Џон Џеј Реј III, кој е специјализиран за враќање на средства од пропаднати корпорации, за претходно раководство на берзата вели:

„Никогаш досега во мојата кариера не сум видел олку комплетен неуспех на корпоративните контроли и целосно отсуство на доверливи финансиски информации како овде…  Оваа ситуација е без преседан“.

Комисијата за хартии од вредност обвинува дека СБФ ги мешал средствата на клиентите на FTX во Almeda за со нив да направи „необјавени инвестиции, раскошни купувања на недвижности и големи политички донации.

Сем Бенкмен-Фрајд до неодамна беше ѕвезда во светот на криптовалутите. Голем дел од луѓето во секторот на него гледаат како на генијалец кој треба да ја донесе крипто индустријата во следната фаза. Ова важеше до минатиот месец…

Кој е Сем Бенкмен-Фрајд?

Сем Бенкмен-Фрајд е роден во 1992 година во кампусот на Универзитетот Станфорд. Неговите родители, Барбара Фрајд и Џозеф Бенкмен, се професори на Правниот факултет во Стенфорд. Тетка му е декан на Columbia University Mailman School of Public Health. Во средното образование неговиот талент и интерес за математика го носеле на дополнителни математички кампови. Дипломирал физика на престижниот универзитет MIT.

По земањето на дипломата за физика на Универзитетот MIT, во 2014 започнал да работи како трговец со хартии од вредност. Во овој период специјализирал во посредување (арбитража – гранка во која се купува стока на еден пазар и веднаш се продава на друг пазар за повисока цена). По три години работа во Jane Street се заинтересирал за биткоин и за криптовалутите.

By Cointelegraph, CC BY 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=117330237

Во 2017 Биткоин беше поинтересен и за корисници кои не бе исклучиво од техничкиот сектор. Валутата добиваше на вредност, но за тргување немаше премногу берзи. Ова придонесуваше за хаос и разлика во цената на различните пазари. Така во Јапонија цената на Биткоин беше 10% повисока во однос на цената во САД.

Сем Бенкмен-Фрајд кој веќе неколку години тргуваше на сличен начин, веднаш забележа дека на пазарот има простор за арбитража. Започна да купува биткоин во САД и да го продава во Јапонија. Ова му овозможило 10% профит од секоја трансакција.

Со парите кои ги заработи, во ноември 2017 со Тара Меколеј ја основаат квантитативната трговска фирма Alameda Research. Во овој период СБФ имаше едвај 25 година. Во јануари 2018 година СБФ организираше арбитражна трговија помеѓу САД и Јапонија во која дневно се тргуваа биткоини чија вредност достигаше и 25 милиони долари. На крајот на 2018 година се пресели во Хонгконг.

Во 2019 основа своја берза за тргување со фјучерси (Futures Trading Exchange – FTX). Ја искористи Almeda да обезбеди почетна ликвидност на берзата. Оригинално берзата е отворена во Хонгконг, но подоцна седиштето е префрлено на бахамите. Највисоката процена за вредноста на берзата беше 32 милијарди долари.

Неколку интересни податоци

  • До средината на 2021-ва година живеел во луксузен стан со 5 спални заедно со 10 цимери. По банкротот објектот е ставен на продажба за околу 40 милиони долари.
  • Во мај 2022-ра Бенкмен-Фрајд купи 7,6 проценти од акциите на Robinhood Markets.
  • Во септември 2022-ра се понуди да биде дел од инвеститорите кои ќе бидат партнери на Елон Маск во купувањето на Twitter. СБФ бил подготвен да инвестира 5 милијарди долари.
  • Зад неговото име стојат инвестиции од над 500 милиони долари од различни инвестициски фондови. Само од Sequoia Capital инвестицијата е 200 милиони долари.
  • Донирал десетици милиони долари во добротворни цели, а самиот велеше дека планира да донира најголем дел од своето богатство.
  • Заедно со помалиот брат Гејб, донирале големи суми за помош на инцијативи кои работеле на спречување на ширењето пандемијата.
  • Од 12-ти декември Сем Бенкмен-Фрајд е во притвор на Бахамите и ја чека екстрадицијата во САД. Властите на Бахамите најавија дека и самите ќе отворат криминална истрага за пропастa на FTX.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Pane24
Pane24
3 years ago

Дајте воведете плаќање со крипто за да си платам членство ко чоек а не овака само за крипто да зборате и да бидете конзервативни со тоа банките.