Крипто маркетот доби масивен удар во последниве неколку недели, а сите покажуваат со прст на еден човек – Сем Бенкман Фрид.
Тој е основачот на втората најголема крипто берза во светот – FTX.com. Според многумина, тој беше крипто генијалецот кој сите го чекаа да ја однесе крипто индустријата во следната фаза. Како профил на човек навидум не го интересираат пари, донира на хуманитарни цели, вози обична Тојота, и живее со неговите цимери… барем таква слика беше претставена за човекот кој го измами светот за милијарди долари пред да се разоткријат деталите.

Хаосот започна откако FTX објавија дека се инсолвентни, по што крипто светот полуде…
Хорор приказната ги инволвира и Binance – најголемата крипто берза во светот, која сакаше да ги купи FTX, па се откажаа откако се направија дополнителни проверки во компанијата. Сем Бенкман Фрид кој вредеше 16 милијарди во еден момент, одеднаш вредеше 0 долари. Alameda Research, компанија која е исто основана од овој крипто гениј, исто така влијаеше врз целиот пазар.
Повеќето од популарните криптовалути сега доживувваат падови во опсег на 50 до 90%.
Главното прашање кое ги мачи сите е, како еден човек можеше да има толкаво влијание врз целиот крипто пазар?
Опционален совет
Првото нешто кое мора да се спомне е тоа што ситуацијата со овој скандал се менува константно. Премногу информации стигаат од сите страни, и многу новитети испливуваат на виделина. Една од работите кои мора ги имаме сите во предвид во вакви ситуации е колку е важно да ги чувате вашите дигитални средства во хардвер крипто паричници. Кога некоја берза пропаѓа, таа ги замрзнува средствата и нема да можете да си ги повлечете. Како што вели познатата крипто поговорка – ако не се вашите клучеви, не се ваши криптовалутите (not your keys, not your crypto).Да повториме…
FTX и Alameda Research
FTX и Alameda Research се две компании основани од Сем Бенкман Фрид, кој има дипломирано на MIT универзитетот по физика и има работено како трговец на хартии од вредност за реномираната Jane Street Capital. Во 2017-ta му доаѓа идеја дека има многу можности во светот на криптовалутите и основа компанија за трејдање која се вика Alameda Research, заедно со еден од неговите пријатели од факултет, кој претходно работел во Google.

Парите фирмата ги има направено преку арбитража. Сфатиле дека Bitcoin во Америка е 10 долари поефтин од Bitcoin во Јапонија, па така купувале ефтино, а продавале поскапо. Почнале со 200 долари и скалирале до 10 до 15 милиони на ден.
Две години подоцна, Сем изјавува дека не само што тргувале Bitcoin, туку тргувале со скоро секој токен на секоја берза и правеле премногу пари. Во 2019-та изјавил дека правеле 4 до 5 проценти месечно во лош маркет, а акумулирале толку многу токени за да станат едни од најголемите играчи во светот. Непосредно по таа изјава, почнуваат да работат со сите големи берзи, а дури им помагале и на Binance да извршат големи трансакции. Затоа, кога Сем решил да направи своја берза за тргување со фјучерси (Futures Trading Exchange – FTX), Binance биле едни од првите инвеститори.

Кога започнале со работа, немало нешто многу корисници, но Сем знаел дека има околу 20 милиони трејдери со фјучерси кои сакале подобро место за тргување. Она што ги направило FTX многу популарни е листањето на FTT токенот во летото 2019 година. Тоа привлекло многу инвеститори, а соработката со Alameda и Binance ги направила уште поголеми. FTT токенот започнал на Etherium, а завршил на Solana и на BNB ланецот.

За време на приватната продажба на токени, најголеми инвеститори во токенот биле Alameda Research (компанијата на Сем), Binance, Multi Coin Capital, Coinbase, и други. Е сега, односот помеѓу FTX и Alameda е многу интересен бидејќи двете компании се на Сем. Имало договори за различни иницијативи, колатерали, и користења кои не се водат во прописите.
Секоја берза користи дел од провизиите што ги прави со тргување да си ги откупува своите токени за да може да ја одржува цената, а и за да го намали нивото на инфлација. FTX гореше токени секој понеделник, и си ја зголемуваа цената.
Во 2020, оваа берза почна експоненцијално да расте. Стимулус чековите во Америка придонесоа да милиони млади крипто купувачи ги искористат своите 1200 долари на маргини х100 на токени кои најавуваа дека ќе се листаат на FTX. Тоа е годината кога буквално секој коин во крипто светот порасна неколку пати, и се роди крипто дегенството со 1000+% во награди доколку чувате некој коин. Маркетот цветаше, Сем не беше познат, ама правеше многу пари. Лека полека, навлегува во политиката на Вашингтон, и доаѓаме до тековниот проблем.
Проблемот на FTX и Alameda
Alameda Research биле само неколку часа пред инсолвентност поради ликвидации во време на пандемијата. Ова значи дека компанијата не менаџирала добро со ризикот уште во 2020, и правеле опасни тргувања.
Вреди да се спомне дека тука е и берзата FTX, како и лошата навика на Сем да тргува со големи суми во фјучерси. На 2-ри ноември, Coindesk објавија статија која вели дека најголемиот дел од средствата на Alameda се во FTT токени (третина од нивните 14 милијарди долари). Многу корисници станаа уплашени бидејќи сметаа дека нивните токени од берзата се користат во Alameda, а со тоа почнуваат да си ги повлекуваат средствата….
FTX немаа доволно крипто при рака за да ги исплатат сите корисници. Доколку ова ви звучи познато, истото се случи и на Celsius кои правеа слични работи со средствата на потрошувачите. За да се покријат трошоците на FTX, Alameda почнуваат да продаваат од нивните средства за да ги исплатат корисниците, и така започнува негативната спирала која ги носи во пропаст.
Главната извршна директорка на Alameda – Каролина, објави на Twitter дека балансот на Alameda кој го објавиле Coindesk е точен, но дека имаат уште 10 милијарди долари кои не се напишани таму.
Во овој момент влегува најголемиот играч – Binance.
Иако Binance и FTX биле во тесна соработка кога станува збор за продавање на токени, во 2021 Сем го откупува целиот влог на конкурентската берза во своите FTT токени за 2 милијарди долари. Потоа, двете берзи влегуваат во конфликт кога извршниот директор на американската Binance, Брајан Брукс издава деловни тајни за својата берза на Сем.
Чангпенг Жао, познат како CZ, основачот на Binance, само чекал момент да му врати на Сем. Во светот на бизнисот нема пријатели, и CZ како ајкула се спреми за напад. Откако излегоа деталите за Alameda, CZ најави продавање на сите FTT токени на Binance што најверојатно ќе резултира со делистање на BNB од берзата на Сем. Поради конфликтот, и двата токени (FTT, BNB) страдаат. Тогаш, Каролина, главната извршна директорка на Alameda, се нуди да ги купи сите FTT токени во приватна продажба по оригиналата цена, најавувајќи дека ги имаат тие пари.
CZ претпоставил дека тоа е блеф, и дека фирмите на Сем користат FTT како колатерал за кредити и фјучерси. Поради оваа јавна расправија, многу луѓе почнaa да продаваат, и започнaa ликвидации на FTX уште пред Binance да почнат да продаваат.
Цената падна 30%, и FTX ги замрзнаа повлекувањата од нивната берза. Таа вест се ширеше побрзо од гром во крипто светот, бидејќи се ближеше инсолвентноста на FTX и на Alameda. Тогаш, се случи нешто незамисливо, а тоа е дека CZ и Сем најавија дека Binance ќе ја купат берзата FTX за да им помогнат со проблемот на ликвидност.
Ова само потврди дека FTX се во голема криза. Ден потоа, Binance најавија дека нема да ги купат бидејќи FTX имале дупка од 8 милијарди долари. Тоа ја влоши ситуацијата и за Alameda, кои го исклучија и својот вебсајт.
Крипто маркетот од тогаш се движи како да е во слободен пад. Сем се огласи на Twitter за неговите грешки, се дознаа информации за преместување пари на Бахамите, ги хакнаа, Бајден најави регулативи за крипто, а тоталната штета може да биде околу 50 милијарди долари.
Деталите на овој луд настан ќе ги разгледаме повторно откако се расчистат сите информации. Сега за сега, несигурноста и стравот во крипто светот се на највисоко ниво.


/cloudfront-us-east-2.images.arcpublishing.com/reuters/AQQN24YJB5IA3MFCK47O4BXKV4.jpg)





