Trackle.mk – нова апликација за следењe поштенски пратки, овој пат и на iOS

во ИТ.МК

Trackle.mk е нова Android и iOS апликација која овозможува следење на поштенски пратки. Последниве неколку години видовме неколку слични апликации. Најпрво тука беше ПТТ Тракер, па „Мои Пратки“, а сега е достапна и Trackle.mk.

Trackle е дело на Никола Ѓоргиев кој пред неколку години објавуваше C# и JavaScript туторијали на Youtube. Новата апликација е бесплатна, а Никола вели дека е подарок од него, сопругата и неговиот син Мартин, за сите корисници. За денот на кој апликацијата официјално беше објавена, го одбра првиот роденден на синот.

Ја изработив апликацијата бидеќи имав потешкотии и лошо искуство со следењето на пратките преку сајтот на Македонски Пошти, инаку сум заразен со интернет купување на разни глупости, и затоа решив да направам нешто вакво.

Trackle е супер едноставна за користење. Корисникот само треба да ја преземе апликација, нема потреба од регистрација или најавување. Апликацијата не само што е бесплатна за користење туку нема реклами или дополнителна функционалност која се отвора со претплата.

Апликацијата е изработена во Flutter со GetX, а имав помош и од вештачката интелигенција као ChatGPT, како и некој други алатки за генерирање на логоа и screenshots за продавниците за апликации.

Што се однесува до поддршката за јазици, во моментов покрај македонски јазик, апликацијата е преведена на англиски и албански. За преводот на албански е користен Google Translate, но ако искуството покаже дека преводот не е доволно добар, Никола најавува ангажирање на професионален преведувач.

Изборот на јазикот е на почетниот екран на секое отворање на апликацијата, што можеби делува на непотребен дополнителен чекор, но во суштина воопшто не пречи. Од достапните козметички промени, на корисниците им е оставен избор помеѓу две теми светла и темна, а ова се чини е и повеќе од доволно.

Внесувањето на пратки е едноставно. Потребен е бројот на пратката и некој наслов/име со кој на корисникот ќе му биде полесно да ја следи. Овозможено е додавање на слика, но засега оваа функционалност е само за пратките од Aliexpress. Очекувано, корисниците можат сами да бришат пратки.

Ако корисникот има повеќе внесени пратки кои ги следи овозможено е пребарување низ пратките. Пребарувањето истовремено се прави на кирилица и латиница, па корисникот може да пребарува „камера“ или „kamera“ и на крај повторно ќе ги добие истите резултати.

Следењето на пратки е направено со индикатори кои ја покажуваат состојбата на пратката. Корисниците можат да следат дали е уште некаде во странство и патува кон Македонија, или пак е пристигната кај нас и во секој момент треба да ви се јават од пошта. Во апликацијата се ремапирани статусите кои ги враќа API-то на Македонски Пошти, во нешто што е поразбирливо за корисниците. Исто така, за пратките кој се пристигнати во Македонија иконката десно во листата ќе биде зелена, но ова е нешто на што Никола ќе поработи во иднина.

Приватноста на корисниците на Trackle е обезбедена со тоа што податоците се чуваат и обработуваат исклучиво на телефонот. Не се праќаат на трети страни и сервиси, и сѐ се прави локално.

По издаваењето на апликацијата Никола самиот забележал неколку грешки, на чие остранување веќе работи:

  • Доколку направите pull на листата за пратки за да се освежат пратките, сликите од пратките ќе ги снема. Само рестартирајте ја апликацијата и истите ќе се вратат.
  • Доколку пробате да додадете линк од продуктот и линкот е скратен, односно не е во овој формат https://aliexpress.com/item/uebdbeudubeeueh.html сликата нема да биде пронајдена.
  • Доколку избришете нарачка, а опцијата за подредување на пристигнатите пратки најгоре е вклучена, пратките ќе ви се измешаат. Рестартирајте ја апликацијата и истово ќе се среди.

За иднина планира верзија 2.0 на Trackle во која приоритет ќе биде додавањето на push-нотификации, но за оваа функционалност ќе биде потребна најава од корисниците.  За сите кои немаат потреба од нотификации, остануваат сите останати функционалности како и досега.


Trackle е достапна на следниве линкови:

iOS: https://apps.apple.com/mk/app/trackle-mk/id6458787500

Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.smileysolutionsmkd.trackle.mk

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
coki
coki
2 years ago

Се надевам ќе видиме и веб верзија за сите нас што телефоните само за јавување ги користиме

Томи
Томи
2 years ago

Браво за апликацијата!

SmileyTech.
SmileyTech.
2 years ago

За сите што ја користат апликацијата, верзијата 1.3 е веќе во review фаза, и ќе биде одобрена за некој ден.
Инаку веќе во план ми се верзии 1.4, 1.5 и 2.0, повеќе може да прочитате на официјалниот roadmap trello board тука.