0 коментари 1 мин. читање 29 декември, 2020

HTML и CSS со Никола – Алатки

Почнува нова серија на видео туторијали на Никола Ѓоргиев, кој досега сподели неколку серии видео-лекции за популарни и корисни технологии.

Новите туторијали се за HTML и CSS, и вообичаено започнуваат со претставување на алатките. Во случајов тоа е Visual Studio Code и неколку корисни екстензии за алатката.

Туторијалите се наменети за почетници и не е потребно да имате никакво претходно предзнаење за да може да ги следите.


Никола Ѓоргиев е фронт-енд девелопер кој своето C#, Unity, JavaScript и React искуство ги споделува со сите преку туторијали на својот YouTube канал. Овојпат, Никола го споделува своето искуство со HTML/CSS, како вовед во продолжување на React туторијалите. Во моментов Никола е сениор фронт-енд девелопер во Dept.

Видеата се одлично склопени, едноставни за разбирање, и што е вистинска реткост, на македонски.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}