„Мои Пратки“ е нова македонска Android апликација од Мартин Рајовски – Fatal1ty_. Апликацијата ги користи јавно достапните податоци од Македонски пошти и на корисниците им овозможува да ги следат своите поштенски пратки на многу полесен начин.
„Апликацијата ја направив за полесен пристап до следењето на пратките, а воедно да ја поттикнам и зголемам базата на домашни апликации“, вели Мартин.
Корисниците кои чекаат пратки сега не мора да го прават тоа на страницата на пошта, туку можат да го направат директно од апликацијата на својот телефон. Следењето на пратки е овозможено со користење на API-то на poshta.com.mk. Корисникот внесува број на пратка и добива известување редовно кога за некоја од пратките ќе биде променет статусот. Со оглед на тоа дека можете единствено да го внесете бројот на пратката и да ја „заборавите“, ова секако е добредојдена функционалност.
Апликацијата користи информации кои се јавно достапни, пишувана е во Dart (Flutter) и од следната верзија ќе биде со отворен код, а кодот ќе биде достапен на Github. Идејата за креирање на „Мои Пратки“ е од август минатата година, од кога започнаа и тестовите со API-то на пошта.
Дел од предизвиците доаѓаат од API-то на пошта кое не е најсоодветно за често пристапување. Поради ова серверот може да блокира пристап до IP-адреси ако има повеќе повици. Овој проблем е надминат со кеширање на податоците кои ги праќа серверот до апликацијата, па опасноста од блокирање е значително намалена. За жал ова не ја отстранува опасноста во целост, но значително ја намалува. Апликацијата е супер едноставна за користење без непотребни функционалности кои би го отежнале користењето. Уште на самото отворање ќе ве пречека полето за внесување на бројот на пратката која сакате да ја следите. На истиот екран набрзина може и да се погледнат сите пратки. За подетален преглед потребно е корисникот да „притисне“ врз пратката и да го погледне деталниот приказ со сите станици и промени на состојбата.
Ако имате некоја дополнителна идеја за функционалност која може да се додаде за „Мои Пратки“ да биде покорисна може да ја споделите на форумот. Секако, истото важи и за потенцијални проблеми или багови кои ќе ги најдете во апликацијата.
Засега „Мои Пратки“ постои единствено за Android, ама со оглед на тоа дека кодот ќе биде отворен, веројатно некој ќе може да ја преработи и за iOS.
Full disclosure: Мартин е админ на форумот на ИТ.МК. „Мои Пратки“ е негов проект кој не е поврзан со ИТ.МК и форумот.
Me interesira kade e mojata pratka od prilep do posta skopje do krivecen sud pratena e od 17 noemvri nikade ja nema do denes provereno na site nozni nacini.
Ve molam za Pomos!!! Navistina ovde se e luda kukja bozeeeeeee!!!