Computer Museum е веб сајт преку кој се симулира работа на различни компјутерски платформи

во Веб

Дали би сакале од еден веб сајт да добиете пристап до најразлични, историско познати компјутерски платформи и подобро да се запознаете со тоа каква технологија доминирала во минатото?

Згора на ова, дали би сакале да работите во една таква околина, да видите како се покренува Amstrad CPC 464, како се отвораат фолдери и фајлови во Macintosh II, или како изгледа Windows 3.2 околина?

Computer Museum е веб сајт, енциклопедија од најразлични компјутерски системи и платформи кои биле познати во едно или друго минато доба. Преку веб музејов можете да ги видите имињата и сликите од системите, но доколку кликнете на некоја платформа, ќе започне вчитување на системот, по што ќе можете да работите во таа околина, на ист начин како што луѓето на времето работеле.

Windows CE.net 4.0, од 2002 година? Нема проблем, кликнете на сликата со компјутерот и ќе ја добиете токму таа околина. Потоа, започнете со експериментирањето и вршете најразлични акции за кои бил способен системот на времето.

Интересно е тоа што одредени системи се пропратени со соодветни звуци од тогашниот период. Исто така, откако ќе навлезете во некоја околина, стрелката од вашето глувче се заклучува таму и за да излезете, потребно е да го стиснете копчето ESC.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments