Gastro Force е едноставна инди игра која носталгично ве враќа кон почетоците на FPS игрите

Денеска, FPS игрите се вистински графички и механички спектакл. Модерниот гејмер може целосно да биде размазен со eye-candy и веродостојни анимации, визуелни ефекти, како и бројни начини за уништување на непријателите. Gastro Force е сосема спротивното од ова и е замислена за сите носталгичари кои сакаат да се присетат како FPS игрите изледаа на самиот почеток, кога првата DOOM и Wolfenstein го доминираа светот со лоша пикселизација, несмасно движење и едноставна акција.

Несопирлива сила

Играјќи како војник кој припаѓа на елитната група Gastro Force, имате за задача да се инфилтрирате зад непријателските линии на вонземјаните, да поставите бомба и целосно да ги пеплосате. Низ триесетте стази ве предизвикува легија од разнолики непријатели и босови. За среќа, имате на располагање бројни оружја. Почнувајќи од едноставна цевка, движејќи се преку сачмарка и SMG, па завршувајќи некаде со ракетни фрлачи, ќе ставите крај на сѐ што ќе се осмели да ве предизвика.

И покрај тоа што Gastro Force влече силна визуелна и гејмплеј инспирација од пионирите на FPS жанрот, движењето е изненадувачки флуидно и задоволително, а и бевме пријатно импресионирани од начинот на кој можете да ги избегнувате куршумите со нагло поместување на една или друга страна при што брзината се зголемува, а периферијата се заматува.

Од друга страна, со копчето Tab се прикажува мапата која уредно сигнализира истражени и неистражени места, водејќи ве сигурно до целта, поништуваќи ги сите шанси да бидете изгубени во лавиринтот од ходници. Низ стазите земате кутии за здравје, штит и муниција, а понатаму ви се отвораат и можности за надградба на оружјата.

Секое споредување на Gastro Force со модерните шутери е нефер затоа што фановите на модерните шутери не се таргет публиката за овој old-school shooter. Но, доколку сакате ретро инспирирани шутери од раните деведесети години, со едноставни дизајни на стазите, разнолики, но ограничени непријатели/ босови и генерична музичка подлога, тогаш Gastro Force е игра која би можела да ве заинтригира и да ви понуди релативно забавно попладне.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Somepx, Fernando Araujo
  • Издава: Ratalaika Games S.L.
  • Жанр: FPS, ретро, old-school
  • Платформа: Windows, конзоли
  • Излезена на: 1 септември 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk