Во 2018 година, Project Warlock се покажа како солиден boomer shooter – FPS акција која одлично се надоградува на класичните пукачки игри од деведесетите години. Охрабрени од 88% позитивни рецензии, развојното студио Buckshot Software заклучи дека можеби не е лошо Project Warlock да премине во серијал.
Целосна посветеност
После година-и-пол ран пристап на Steam, Project Warlock II конечно е спремна за да, па, продолжи и понатаму да е во раниот пристап на Steam… По се изгледа, авторите никако не сакаат да избрзаат со нивното чедо и понатаму вредно работат на играта.
Неодамна, фановите на играта можат да го проверат најновото надополнување. Надоврзувајќи се на приказната на Палмер, во второто поглавје ќе дознаете многу работи за Урд; за тоа како била оставена од нејзиниот господар да умре во димензијата на демоните и како сѐ што сака сега е да ја добие нејзината одмазда.
Бројни новитети!
Во второто поглавје на Project Warlock II, Урд ќе може да навлезе во нови локации. За подобро справување со непријателите во извитоперената димензија на дивиот запад, ќе имате и над 90 надградби. Сите од надградбите се дел од новиот систем.
Наречен Wargression, системот ќе ви дозволи да експериментирате со бројни надградби за менување на оружјата, но и за зголемување на одбраната и магиите на Урд.
Што ќе најдете во најновото надополнување за Project Warlock II?
– Нова приказна– 12 дополнителни стази
– 4 нови оружја
– Книга со 5 магии
– 18 нови непријатели
– 90 надградби
Кога ќе ги споите и двете поглавја заедно добивате 2 кампањи низ 24 стази, над 10 оружја со над 100 надградби и над 40 непријатели!
Силно инспирирана од игри како Quake и Doom 64, Project Warlock II нуди вртоглава акција во ретро-опкружување и одлична heavy metal музичка подлога. Првото поглавје се фокусираше на Палмер, а третото и последното исто така ќе воведе нова кампања, лик и бројни надградби.




Повеќе детали за играта
- Произведува: Buckshot Software
- Издава: Retrovibe
- Жанр: Boomer Shooter
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 10 јуни 2022







