Интервју со Mixed Realms за нивната игра 13Z

На кратко:

  • Бевме поканети да ја провериме моментната верзија на 13Z
  • Апсолутно уживавме во она што ни беше сервирано
  • Разговаравме со девелоперите за инспирацијата, предизвиците и идниот развој на играта
  • Mixed Realms претходно има работено на Hellsweeper VR, Gordian Quest, и Sairento VR!

13Z е феноменален rogulike. Минатиот викенд бевме поканети да бидеме дел од првото тестирање на играта. За време на дво-часовната сесија, поминавме низ едно деноноќие од забавни гејмплеј механики, предизвикувачки босови и впечатлива графика.

13Z е акциона авантура со елементи на roguelike. Во играта, ќе можете да играте со таканаречени предизвикувачи. Секој од шесте предизвикувачи се одликува со уникатни движења и напади, како и со еден вид улта. Уште од самиот почеток на нашето тестирање, чедото на Mixed Realms многу нѐ потсети на Genshin Impact, не само во поглед на графиката и дизајнот, туку и во начинот на кој ликот се движеше и бореше. Предизвикувачот со кој игравме ние – Лира – трча, скока и се бори како дел од ликовите на чедото на miHoYo. Поради тоа, едноставно моравме да прашаме дали е така или само нам ни се така чини.

Интересно ни е да чуеме дека влечете таква споредба. Од уметничката гледна точка, не бевме конкретно инспирирани од Genshin Impact. Всушност, црпевме инспирација од разни игри, аниме и филмови. Што се однесува до играта, нашите главни влијанија беа Hades, Risk of Rain 2 и Devil May Cry.

Не се изненадивме да чуеме дека овие игри им биле инспирација. Како Hades, Risk of Rain 2 и Devil May Cry, така и 13Z се одликува со адреналинска и непредвидлива акција каде се соочувате со бројни непријатели, елиминирајќи ги на спектакуларни начини. Низ играта патувате од една до друга генерички-создадена област. Имате за задача да ги убиете сите противници и потоа да одберете една од две други понудени области; секоја од областите ви нуди различни бенефити, пари, способностi, валута за надградба на селото, и слично.

Со собраните златни парички подоцна купувате корисни предмети, го надградувате здравјето, или пак отклучувате дополнителни способности. За полесно справување со непријателите можете да ги користите бројните бенефити на елементите, како и да имплементирате најразлични синергии. По завршување на секој ран, се враќате во селото каде градите најразлични места, а со тоа и отклучувате трајни надградби.

За време на рановите, го слушате гласот на нараторот. Се работи за топол и интересен глас кој често ве опсипува со досетки или пак охрабрување да не се предавате. Поразговаравме уште малку околу инспирацијата за светот, уникатниот визуелен дизајн, босовите, како и нараторот. Сакавме да знаеме како дојдоа до идејата да ја вклопат таквата механика во светот.

Доаѓајќи од Азија, отсекогаш се прашувавме зошто помеѓу источните 12 зодијаци нема мачка? Ваквото нешто немаше логика за нас. Што ако има натпревар за да се пронајде 13-ти зодијак? Сметавме дека ваквата приказна е одлична за еден roguelike. Во минатото, правевме помрачни игри со реална графика. Но, за 13Z, сакавме да одиме со посветла, шаренолика реализација. Бидејќи се работи за брза hack and slash акција, се одлучивме со побрза музичка подлога која ќе одржува чекор со динамичната акција. Гледајте на нараторот како на набљудувач или судија кој претседава за време на преигрувањата. Сметаме дека неговиот глас и присуство ќе помогне за целосно потопување на играчот и како одлична алатка за максимална имерзија низ локациите.

13Z е комплексен roguelike кој има огромна вредност на преигрување, како и бројни можности за преигрување. Во пробната верзија, првин напредувавме низ мапите преку ден, а потоа преку ноќ. Босовите се различни во зависност од тоа дали е ден или ноќ и ни беше интересно уште еднаш да поминеме низ истото поглавје, од малку поразлична перспектива. Дополнително, со елементите како огин, гром, вода и слично значително се менуваат вашите напади и способности, а се создаваат можности и за синергии. Надвор од ова, во едно мало, но релаксирачко селце, вршевме надградби и отклучувавме способности кои значително влијаат на сите наредни ранови. Ги замоливме девелоперите да ни објаснат малку повеќе за креативните процеси, како и за тоа кои биле најголемите предизвици за време на играњето.

Има многу работи кои треба да се земат во предвид, особено кога се прави roguelike. Прво, мораме да создадеме лор и приказна која што има смисла со гејмплеј механиките. Потоа, мораме да воспоставиме цврста механика која ќе пружи огромна форма на забава за играчите. Во нашиот случај, тоа беше борбениот систем. Штоm тоа се среди, треба да конструираме roguelike систем кој ќе дозволи на играчите постојано да се надградуваат и за време на рановите и надвор од нив. Ова им дава на играчите причини да продолжат да се навраќаат на играта. За крај, ги разгледуваме дополнителните функции кои допринесуваат до поинтересно и понаградувачко искуство за играчите – како што е систем за ден и ноќ, при што се поттикнуваат играчите да експериментираат со различни вештини во различни периоди од денот. Тука е и нашето село што еволуира и станува попрометно како играчи напредуваат низ играта. За нас, најголемиот предизвик е да ги интегрираме сите овие елементи и да се осигураме дека секоја компонента работи добро поединечно. Секако, важно ни е и секоја компонента да е убаво усогласена една со друга за да обезбеди целосно и кохерентно искуство.

Многу ни се допаднаа суптилните квестови, како онаа со мрзеливата мачка, но и навраќањето во селото и правењето значајни надградби. Можете ли да ни кажете нешто за вашиот омилен или најнезаборавен момент за 13Z?

Ви благодариме за убавите зборови! Лично, сакам да се искачувам на врвовите на планините и дрвјата користејќи ја Лира, само за да одново скокам и да се претворам во вистинска лисица. Летечки лисици, има ли нешто позабавно од тоа!

На почетокот, за 13Z авторите имале значително поамбициозни планови. Во разговорот со девелоперите, дознавме дека првично тие сакале да има уште еден режим на игра!

Првично сакавме да вклучиме режим на игра каде играчот може да ја преземе улогата на нараторот и да воведе стапици и магии за да ги предизвика другите играчи кои се движат низ рановите. За жал, одлучивме да не одиме со овој режим бидејќи опсегот на нашата игра е веќе доста голем и моравме да приоритизираме одредени напори.

Совет-два за девелопери кои сакаат да запливаат во овие води?

Започнете скромно и создавајте според вашето искуство и средства. Побарајте финансирање од издавачи кои ја разбираат и поддржуваат вашата визија. Барајте истомисленици кои ќе работат напорно за да ја пласираат вашата игра. Објавете плеј-тест или демо што е можно порано за да соберете повратни информации од заедницата.

Дали би сакале да споделите нешто друго, дали за вашата игра, тим, или пак за некого што ја поддржал вашата игра?

Би сакал да ја изразам мојата срдечна благодарност до нашиот посветен тим, чија страст и креативност беа клучни за вдахнување живот во 13Z. Секој член придонесе со своите уникатни вештини и перспективи, правејќи го овој проект навистина комплексен. Исто така, сакам да му се заблагодарам на нашата заедница, како и на Хесус Фабре – нашиот тим за односи со јавноста. Хесус Фабре се има погрижено да добиеме непроценливи повратни информации и поддршка. Нивниот ентузијазам ја поттикнува нашата мотивација и нè инспирира да создадеме исклучително искуство со игри.

Едвај чекаме сите да ја проверат 13Z!

И на крај, има видео со најчесто поставувани прашања и одговори за 13Z, се надеваме дека ќе го споделите со вашите читатели!

Следниот тест за 13Z најверојатно ќе биде на почетокот на 2025 година. Девелоперите ни признаа дека има шанси играта првин да излезе како дел од раниот пристап на Steam во втората половина на 2025 година. За уште многу разговори со феноменални студија и одлични игри останете со it.mk!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk