Backpack Hero е одличен roguelike наслов за истражување зандани, како и собирање и користење плен на уникатни начини

Чедото на Jaspel е едно од најпријатните и најуникатните инди изненадувања. Етикетирана како deck-building roguelike, во Backpack Hero ќе биде потребно да истражувате непредвидливи зандани, да собирате плен и да го користите истиот за динамични turn-based битки.

Магично ранче!

Во Backpack Hero, вашата торба е поврзана со клучна гејмплеј механика за организација на просторот. Бидејќи има ограничен простор чија големина се прикажува во форма на коцки, нема да можете да ставите во неа сѐ што ќе најдете за време на вашите авантури. Пленот до кој доаѓате може да биде со големина од една, две или три коцки. Поради тоа, потребно е да ги ротирате оружјата, предметите и храната и рационално да го искористите просторот во ранецот.

Користење плен за неограничени офанзивни и дефанзивни можности

Секојпат кога ќе нападнете некого, вршите напади во зависност од пленот кој го имате во ранчето. Ако имате меч, со кликнување на мечот вршите напад од одредена вредност. Во случај да имате одреден прстен кој е ставен во непосредна близина до мечот, автоматски ќе се зголеми ударната моќ на оружјето.

На самиот почеток ќе забележите колку е важна комбинацијата на пленот. Имено, кога вие напаѓате, обично можете да направите до три потези, можете два пати да удрите со мечот, па потоа со штитот да заземете подобра одбрана. Одредена храна ви дава уште два дополнителни потези и можете да удрите три пати, да изедете храна, па потоа да удрите уште еднаш и да заземете одбрана. Откако ќе успеете да ги елиминирате непријателите, ќе можете да ја проширите големината на ранецот за + четири коцки.

Доме, слатки доме

Покрај собирање плен низ рандомно создадените зандани, ќе можете и да собирате бројни ресурси. Со нив ќе можете одново да го изградите вашето гратче и да го претворите во преубаво место кој ќе привлече бројни гости.

Во градчето ќе можете да купувате, но и да го продавате пленот од вашиот последен ран. Како поминува време и како просперира градот, одредени структури ќе ви дозволат да извршувате истражување или пак да отклучувате нови херои со кои ќе започнете дополнителни предизвици и квестови.

Верувале-или-не, во Backpack Hero ќе најдете над 800 уникатни предмети. Голем број од нив се одликуваат со уникатни карактеристики кои ќе ви помогнат во издвојување победа врз стотици различни непријатели (и самите непријатели се одликуваат со уникатни тактики). Вредноста на преигрување е запрепастувачки висока бидејќи секој ран нуди зандани кои се создадени по случаен избор. Паралелно со ова, секој од петте херои пријатно ќе ве изненади со уникатните стилови на играње. Во моментот кога тоа ќе ви здосади, на располагање имате и бројни модови создадени од заедницата.

Релаксирачко и носталгично искуство

За кратко време, Backpack Hero успеја да присобере 89% позитивни рецензии на Steam. За многу гејмери, вклучувајќи не и нас, играта е пријатно изненадувања со одлични механики за релаксирачко истражување на ретро-инспирирани зандани. Се надеваме, сличен впечаток ќе ви остави и на вас!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Jaspel
  • ИздаваDifferent TalesIndieArk
  • Жанр: Roguelite, deckbuilding
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 14 ноември 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk