Neon Abyss 2: Еволуција на хаосот?

Neon Abyss 2 навлезе во раниот пристап како амбициозно продолжение на популарниот роглајк наслов, ветувајќи дека ќе ве однесе на уште подлабоко во својата неонска, хаотична бездна. Надоврзувајќи се на темелите на својот претходник, оваа игра има за цел да го прошири искуството со нови механики, повеќе содржина и, за првпат, да воведе онлајн кооперативен режим за до четири играчи. Но, дали е тоа навистина така?

Синергија во хаосот

Neon Abyss 2 и понатаму се одликува со препознатливата и крајно впечатлива комбинација од неонска графика, брзи гејмплеј механики и впечатливи електронски механики. Зад хаубата NA2 остава впечаток на брза run ‘n’ gun акција, каде секој обид е ново, процедурално генерирано патување низ соби полни со непријатели и предизвици. Како што напоменавме, најголемата новина е воведувањето на онлајн кооперативен режим за четири играчи. Оваа карактеристика го трансформира искуството од соло предизвик во координирана тимска борба, под услов да најдете доволно пријателчиња. Еднаш штом успеете во тоа, тимовите можат заедно да комбинираат работи, создавајќи моќни синергии и применувајќи тактички пристапи.

Играта воведува и проширени стилови на борба. Имено, покрај класичното пукање, сега имате можност за борба одблиску преку користење ладни оружја како палки и сабји. Паралелно со ова, ќе можете и да користите смртоносни растенија или да командуваат со различни фантазиски суштества. Оваа разновидност е замислена да пружа експериментирање со различни пристапи и стратегии при секое ново влегување во бездната.

Системот на предмети и синергии, кој е клучен за роглајк жанрот, е дополнително развиен. Предметите што ги собирате се комбинираат на неочекувани начини, а играта ветува неограничен број на предмети што може да се соберат истовремено, создавајќи потенцијал за моќни и визуелно спектакуларни комбинации. Воведени се и таканаречени hatchmon – симпатични суштества кои може да ги собирате и еволуирате во моќни сојузници. Загребете зад површината и ќе наидете и на новиот Faith System – механика која ви дава поголема контрола врз текот на играта, овозможувајќи ви да ја потрошите оваа валута на моќни предмети, нови сојузници или да ја ризикувате за уште поголеми награди.

Неонска естетика

Визуелно, Neon Abyss 2 ја задржува и унапредува својата прекрасна пикселизирана естетика. Светот е исполнет со живописни неонски бои кои создаваат уникатна сајбер-митолошка атмосфера. Анимациите се флуидни, а контролите се респонзивни, што е од суштинско значење за брзата акција што ја нуди играта.

Звучната подлога е уште еден силен адут. Солидниот саундтрак, составен од енергични синтвејв и електронски мелодии, совршено го надополнува темпото на играта.

И покрај сите позитивни очекувања, не се сите среќни кампери, особено во поглед на предметите. Иако има огромен број на предмети, голем дел од нив може да се чувствуваат неимпресивно или да не нудат значителни подобрувања. Во игра од овој калибар, каде секој нов предмет треба да претставува возбудлива можност за промена на текот на играта, ова може да биде сериозен недостаток. Имено, доколку често се наоѓате во ситуација да ги игнорирате достапните предмети во продавниците или оние што ги оставаат непријателите, тоа може да ја намали долгорочната привлечност.

Добра работа е тоа што играта е во раниот пристап на Steam и многу работи допрва ќе се менуваат.   Причината за овој потег е двојна: огромната колекција на предмети и оружја бара внимателно балансирање, а ова е првпат тимот да развива игра со онлајн мултиплеер. Преку повратните информации од заедницата, тие се надеваат дека ќе го оптимизираат и подобрат искуството, со цел финалната верзија 1.0 да биде правилно избалансирана.

Планирано е играта да остане во ран пристап до 2026 година. Моменталната верзија веќе содржи повеќе нивоа, непријатели, ликови и босови од оригиналната игра, како и функционален онлајн мултиплеер. Сепак, многу елементи како специјални соби, оружја и системи сè уште се во развој, а онлајн искуството, подразбирливо, има простор за подобрување. Тимот планира да објавува големи ажурирања на содржината на секои неколку месеци.

Neon Abyss 2 се позиционира како значајна еволуција на својот претходник. Со додавањето на онлајн кооперативен режим, проширени борбени можности и нови системи како „Faith“ и „Hatchmon“, играта има потенцијал да понуди стотици часови забавна и хаотична акција. Визуелниот стил и звукот остануваат на високо ниво, создавајќи комплетно и привлечно искуство. Сепак, успехот на играта во голема мера ќе зависи од тоа колку добро ќе биде избалансиран системот на предмети и дали секој нов обид ќе се чувствува навистина уникатно и наградувачки. Доколку успеат во тоа, Neon Abyss 2 без сомнение ќе биде наслов што љубителите на роглајк жанрот не смеат да го пропуштат.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments