DRIVE Rally излезе во раниот пристап на Steam

#DRIVE Rally e штотуку-излезена игра која е длабоко инспирирана од аркадни тркачки игри од деведесетите години на минатиот век. Возејќи со еден од четири со-возачи ќе седнете зад волани на најразлични возила и ќе го барате недостижното чувство на брзина низ најразлични места во светот.

Аркадно чувство на брзина

Од почетното мени, можете да започнете брза трка, при што автоматски се одредува трката, мапата и со-возачот. Во ситуации кога сте разположени за подлабоко навлегување во играта, го имате на располагање одделот Championships. Иако приказната не е во фокус, #DRIVE Rally сепак се одликува со уникатен хумор и впечатлива графика која, во комбинација со аркадните елементи, дозволува бројни откачени моменти.

Вашиот со-возач уста не затвора. Често ве опсипува со совети за возење, но и ве критикува доколку ја утнете работата.

Преку тастатура и глувче, со контролер или со волан, ќе возите низ 400 км најразличен пат. Како некои од локациите кои се споменуваат се сончевите предели на Dru Crumbs, зашумените патишта во Holzberg, или пак нескротливата дивина на Revontuli. Бројните автомобили, кои тековно ги отклучувате, ќе можете да ги уредувате на најразлични начини (со менување тркала, браници, хауби и слично). Во описите често се споменува аркадно возење, но нам не ни остави впечаток на игра во која лесно се управуваат возилата. Фаќање кривини со поголема бризина не е баш лесно, и се бара подолго време на навикнување.

Се очекува #DRIVE Rally да биде дел од раниот пристап најмалку година дена. За тоа време, авторите ќе воведат нови содржини како нови автомобили, мапи, со-возачи, и дополнителни делови за уредување на возилата. Во моментот, чедото на Pixel Perfect Dude е во солидна игрива состојба. Мали забелешки имаме за монотоната музичка трака и недостаток на каква било музика за време на возењето. Да, разбираме, треба да со слушате со-возачот, но сепак, малку тивка музика на никого не наштетила. Дополнително, некои работи што со-возачите ги кажуваат често се повторуваат и, по одредено време, знае да здосади слушањето на истиот осудувачки тон.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Pixel Perfect Dude
  • ИздаваPixel Perfect Dude
  • Жанр: акркадно тркање
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 25 септември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments