Во судирот со Русија, Украина ги контролира пунктовите со технологија за препознавање на ликови

во Свет

Американската компанијата Clearview AI ѝ овозможи на Украина бесплатно користење на својата технологија за препознавање на ликови. Стартапот нуди технологија која овозможува препознавање на ликовите од фотографии и камери. Tехнологијата не е наменета за користење за јавноста и треба да им е достапна единствено на органите на прогон.

Clearview AI ќе биде користен на безбедносните пунктови низ Украина за препознавање на ликовите на лица од интерес. Препознавањето на ликови ќе се користи и за идентификување на загинатите, и за препознавање на ликовите во видеата со кои се шират лажни информации.

Понудата до властите во Украина ја испратил извршниот директор на Clearview AI, Хоан Тон-тат, пренесе Reuters кој стигна до копија на понудата.

Алгоритамот користи над 10 милијарди фотографии собрани од интернет, вклучувајќи ги и најголемите друштвени мрежи. Компанијата тврди дека поседува и над 2 милијарди слики од најголемата руска друштвена мрежа, VKontakte.

Големата база на податоци може да им помогне на властите во Украина да ги идентификуваат загинатите. Стартапот тврди дека ова е побрзо отколку користењето на отпечатоци. Технологијата функционира дури и кога жртвите имаат повреда на лицето.

Веројатно подеднакво важно ќе биде и пронаоѓањето на раселените жители на Украина. Препознавањето на ликови ќе може да се користи и за препознавање и насочување на луѓето кон камповите во кои се сместени нивните најблиски.

Засега нема потврда за начинот и намената на кои Украинското министерство за одбрана ги користи податоците кои ги добива преку Clearview AI.

Компанијата и начинот на кој ги собира фотографиите се помалку контроверзни. Стартапот преземал (scrap) милијарди фотографии од Facebook, YouTube, Venmo, Twitter и стотици други страници за креирање на својата база на податоци. Овие платформи веќе побараа Clearview AI да престане да собира податоци, а сите досега собрани податоци и слики да бидат избришани. До јануари 2020 компанијата работеше тајно се до еден напис во New York Times кој го откри нејзиното постоење.

Покрај неовластеното собирање слики, втор проблем е погрешното идентификување на ликовите. Во повеќе случаи вештачката интелигенција погрешно идентификуваше ликови. Во САД како последица на погрешна идентификација се апсат погрешни луѓе. Во Украина грешките на контролните пунктови може да доведат и до поголеми проблеми, и да доведе до жртви на цивили.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments