Real or Fake e веб сајт каде заедницата одлучува дали вести за војната во Украина се вистинити или не

0 коментари 1 мин. читање

Real or Fake е обид да се стави крај на лажните вести кои се поврзани со воениот конфликт помеѓу Русија и Украина.

При посета на веб сајтот, ќе наидете на твит во форма на текст, видео или слика – вест која привлекла внимание, но не се знае дали е вистинита или лажна. Сајтот дозволува вие самите да одлучите дали веста е точна, така што ќе кликнете на копчето Vote Real, или лажна, така што ќе кликнете на копчето Vote Fake. Со давање на вашиот глас имате и опција да оставите коментар и да објасните, аргументирано, зошто сте решиле така да гласате.

Паралелно со ова гледате колку гласови на останатите посетители ја оцениле веста како лажна, а колку ја оцениле како вистинита. Дополнително, можете да вметнете на сајтот вести на кои вие сте наишле, за да видите заедницата како би ги етикетирала нив.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top