Сега ќе може да ги гледате патарините и граничните премини во живо преку Интернет. Идејата за видео стримовите на новиот сајт на Јавното претпријатие за државни патишта е дека возачите ќе можат да се информираат за тековната густина на сообраќајот, и соодветно да си го испланираат патувањето. Но, овие стримови за жал не работат на мобилните платформи iOS и Android, па тоа што имате преглед од дома додека сте одалечени 30-тина минути или неколку часа од патарините или граничните премини не е баш практично решение. Земајќи во обзир дека на патиштата има и бесплатни Wi-Fi зони и 3G покриеност, можеби е подобро да се направи мобилна апликација. (Видеото може да го гледате и преку Android со MX Player, фала до Горјан за линкот)
Сепак овие камери се поставени за поголема транспарентнoст во работењето и преглед на состојбата на патиштата, и, како што вели Jавното претпријате за патиша, се дел од модернизирање на наплатните рампи со изолирање на ловековиот фактор.
„Очекуваме некаде во април, мај, да имаме склучено договор со компанија која ќе направи целосна модернизација на патарините на Коридорот 10. Модернизацијата и на патарините на Коридорот 8 се предмет на концесија, односно концесионерот ќе треба да инвестира во модернизација по истиот терк како што е на Коридорот 10“, вели министерот за транспорт, Миле Јанакиески.

Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.