Доколку сакате ММО, но и екстремни спортови, штотуку најавената игра од Ubisoft се чини дека ќе биде игра само за вас. Направена од тимот кој беше задолжен за критички-признаената Steep, Riders Republic ќе ви дозволи да навлезете во отворен свет и да ги проверите вашите вештини со скии, сноуборди, бицикли и слично.
Огромниот свет првенствено се состои од националните паркови на САД. На локации како Кањон Брајс, Јосемит, или планината Мамут можете да се тркате сами или со вистински лица. Оваа ММО игра ќе ви дозволи трки со до 50 други играчи.Како напредувате низ модот за кариерата можете да отклучувате нова опрема и костими.
Riders Republic ќе излезе во февруари 2021 година.











