Во првиот ден од првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство околу 530 матуранти поднесоа документи за упис, од кои 200-тина беа пријавени веќе во првиот час, вели Студентскиот парламент на ФИНКИ. Од 9 до 14 часот ходниците на ФИНКИ беа преполни со бруцоши кои со помош на Студентскиот парламент и професорите ги пополнуваа потребните документи за упис.
„Не сме изненадени од огромниот број на пријавени студенти. ФИНКИ е пример за тоа како треба секој факултет да ги оддржува своите конекции со студентите. Затоа, секоја година, бројката на запишани студенти континуирано се зголемува. Секако, тоа и го очекуваме поради тоа што секојдневно се обидуваме на студентите да им обезбедиме квалитетна едукација, преку редовните програми, но и преку организација на настани“, вели Анита Кирковска од Студентскиот парламент.
Еден од споменатите настани е првата интернационална Информатијада 2014-та за која биле поставени штандови за да привлечат повеќе студенти. Истовремено со уписи на факултетот, околу 50-тина нови запишани студенти се пријавија да учествуваат на настанот.










ни нова зграда сакам ни ништо. сакам само навреме да дипломирам и Дим да ме њама :)
Злобни како тебе од секогаш имало и ќе има.
Откако ќе дипломираат нашите никој не ги прашува во какви партизански услови студирале, туку им го ценат само знаењето и искуството што го стекнале. А студентите на ФИНКИ не се најдобри само во Македонија – освоените награди и деловни успеси покажуваат дека тие се светска класа.
А планот за нова зграда е донесен. Ќе се стрпиме уште некоја година. Ама ти и тогаш пак ќе мрчиш за нешто.
Хиперпродукција на студенти за која немаат ниту услови, ниту капацитет да ја прават.