Ботот на NSA, MonsterMind, може автономно да води сајбер војна

MonsterMind е бот креиран од NSA кој целосно автономно би можел да се снајде во случај на сајбер војна, објави Wired по интервју со Едвард Сноуден, поранешен аналитичар на американската Национална агенција за безбедност кој ги објави доверливите документи дека агенцијата го шпионира Интернетот.

„Софтверот постојано го надгледува сообраќајот барајќи модел кој го препознава како можен напад. Кога ќе детектира напад, MonsterMind автоматски ќе го блокира неговото влегување во земјата или во сајбер терминологија познато како ‘kill’“, вели г. Сноуден, кој уште се крие од американските власти во Русија.

Автоматизираните системи за одбрана не се некоја новост и веќе подолго време се во употреба како заштитна мерка, но тоа што ќе го разликува MonsterMind e можноста самостојно да ја пронајде целта и да возврати на нападите. Проблемот со ова е што најголем дел од напаѓачите се добро скриени, а ботнетите се составени од мрежи од хакирани компјутери чии сопственици не ги извршуваат нападите. Повратниот напад ќе вклучи куп компјутери кои немаат никаква поврзаност со нападите. Иако без сомневање софистициран софтвер ќе пребарува зад проксито барајќи го вистинскиот напаѓач.

„Можеби има некој во Кина кој прави неговите напади да изгледаат како да доаѓаат од Русија. Но, што ако MonsterMind ќе возврати на нападот врз руска болница. Што ќе се случи следно?“, вели г.Сноуден.

Едвард Сноуден предупредува и на опасност од прекршување на Четвртиот амандман од Уставот на САД бидејќи Националната агенција за безбедност ќе излезе со барање дека мора да го индентификува целиот сообраќај за да може што е можно подобро да одговори на нападите. „Аргументот е единствено исправен доколку можете да докажете дека станува збор за малициозен сообраќај. Ако го анализираме целиот сообраќај тогаш тоа значи дека го собираме целиот сообраќај“, вели тој. Ова претставува крешење на Четвртиот амандман кој го гарантира правото на приватност во комуникациите доколку не е обезбеден судски налог.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments