5 додатоци за игри кои се невообичаено долги

DLC, downloadable content или додатоци за игри, обично знаат да бидат мали, скромни содржини, како костим, оружје или краток квест-два. Но, некои додатоци се до тој степен долги и полни со содржини, да се најблиското нешто до една чистокрвна експанзија. За таа цел, решивме да ги истакнеме најсодржителните додатоци кои ќе исцицаат добар дел од вашето време!

5. Iki Island – Ghost Of Tsushima – 10 часа

Експанзија која ќе ве вовлече во нова приказна, нови ликови и целосно нова локација. Преубавиот остров се истражува со огромно задоволство и ви открива бројни неочекувани изненадувања, со тони квестови за комплетирање.

4. The Frozen Wilds – Horizon Zero Dawn – 15 часа

На времето, Horizon Zero Dawn: Frozen Wilds ги воодушеви PS4 сопствениците и понуди незаборавно искуство. Оваа акциона RPG игра во трето лице понуди уникатна перспектива за елимирање непријатели, создавање работи, прикрадување и надградување оружја во преубав пост-апокалиптичен свет. Експанзијата Frozen Wilds е ремек дело кое само се надоврзува на добитната формула и дава релаксирачка снежна димензија. На располагање имате целосно нова облас, босови, чудовишта и ликови, како и целосно нова приказна и квестови!

3. Shivering Isles – The Elder Scrolls 4: Oblivion – 20 часа

Skyrim е одлична игра, но Oblivion и понатаму има посебно место во нашите срца, особено содржителниот додаток Shivering Isles каде го посетувате домот на Шеогорат, на територија која голема како 25% од територијата во целата игра.

2. Fate Of Atlantis – Assassin’s Creed: Odyssey – 25 часа

Исклучително долго DLC за исклучително долга и, можеби, најдобрата игра од серијалот! Додатокот зрачи со грчка митологија и интимно ве запознава со боговите, подземјето, и, подразбирливо, Атлантида!

1. Blood And Wine – The Witcher 3 – 30 часа

А, првото место дефинитивно припаѓа на најдобрата Witcher (читај: најдобрата RPG) игра на сите времиња. Како втора и последна експанзија, Blood And Wine ви дозволува да истражувате целосно нов регион со приказна која е на исто квалитетно ниво како и приказната од основната игра. Запознајте се со харизматични нови ликови, нови гејмплеј механики, и предизвикувачки нови суштества.

Тоа беа додатоците кои и понатаму оставаат силен впечаток помеѓу гејмерите. Дали пропуштивме некој? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk