Регионален преглед: Српскиот стартап екосистем со рекордно ниво на раст и најави за уште поголеми инвестиции во 2022

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет, Статии

За Србија и нејзиниот стартап екосистем 2021 се покажа како една од најуспешните години досега, бидејќи тамошните компании успеаја да привлечат над 123 милиони евра инвестиции. 

Според неодамнешниот извештај за екосистемот насловен “Стартап Скенер 2022“, во однос на 2020-та година ова претставува зголемување од 600% од година, а најавите за 2022 најавуваат привлекување на уште повеќе капитал.   

Додека српските стартапи особено се истакнуваат во областите на гејминг индустријата и блокчејн технологијата, постојат и други вертикали кои имаат огромен потенцијал, како што се на пример биотехнологијата и агритехнологијата. 

Најзабележителните инвестиции во екосистемот беа направени во неколку компании: платформата за развој на блокчејн технологија Tenderly (58,6 милиони долари), аналитичката платформа Orgnostic (5 милиони долари), платформата Anari AI (2 милиони долари), стартапот за безбедносно тестирање Trickest (1,4 милиони долари) и DeFi протоколот Tempus Finance (27,9 милиони долари во токен продажба).

Тимот на Tenderly, стартапот кој доби над 58 милиони долари инвестиција

Чекори за развој на стартап екосистемот

Според директорката на проектот “Преземи идеја“, Бојана Томиќ-Бркушанин, најновиот извештај исто така покажува кои се областите каде што постои простор за подобрување. 

“Особено ни е драго што оптимизмот и енергијата на нашите стартапи произлегуваат од истражувањето, справувајќи се со предизвиците и внесувајќи една нова вредност во светот. Кога станува збор за областите каде што има најголем простор за подобрување, утврдивме дека недостигаат информации за заштита на интелектуалната сопственост. Истражувањето покажа и релативно слабо влијание на формалното образование врз креирањето и мотивацијата на персоналот и основачите, како и неусогласеноста на програмите за поддршка со потребите на стартапите, што ни покажува на сите насока во која треба да ги насочиме нашите напори во иднина“, потенцира Томиќ-Бркушанин. 

Минатата година, српскиот технолошки сектор надмина 1,7 милијарди долари од извозните приходи, за првпат надминувајќи го земјоделството кое традиционално беше главниот извозен сектор на српската економија. За споредба, извозот на ИКТ услуги од Македонија лани зголемен за 37% е нешто повеќе од 330 милиони евра, според официјалните податоци од Народна банка на Р.С. Македонија објавени во март, 2022.

Српските властите пак исто така ја усвоија и првата национална Стратегија за развој на стартап екосистемот од 2021 до 2025 година, а стартапите и ангелите инвеститори за првпат исто така се препознаени во домашното законодавство.

Повеќе од половина од стартапите што учествувале во истражувањето Стартап Скенер 2022, исто така проценуваат дека нивниот бизнис ќе порасне за 50% во 2022 година, при што овие компании исто така планираат да вработат и вкупно над 800 луѓе годинава. На долг рок, сето ова значи дека српскиот стартап екосистем исто така може да поттикне и трансформација на српската економија. 

Понатамошни предизвици за српските стартапи 

trickest editor
Софтверот на Trickest, стартапот кој доби 1.4 милиони долари инвестиција

Развојот и растот исто така доаѓаат и со многу предизвици, па така и за Србија како и за остатокот од регионот на Западен Балкан, недостигот на финансирање и видливост на меѓународниот пазар се меѓу најголемите проблеми за српските стартапи.

Најголемите предизвици за понатамошниот развој на иновативниот екосистем на Србија се пристапот до финансии и пристапот до таленти, технички и нетехнички. Исто така, во глобален контекст најголемата пречка за локалниот екосистем е недоволната видливост на српскиот екосистем на меѓународниот пазар. 

„Благодарение на податоците, создаден е предуслов да препознаеме кои се силните страни на нашиот екосистем, а кои области бараат дополнителен напори за подобрување. На пример, 20 проценти од основачите на стартапи се жени, а речиси една третина од стартапите имаат и мажи и жени во основачките тимови, што е повеќе од европскиот просек. Исто така, се покажа дека две третини од стартапите во нивниот основачки тим имаат и основачи кои доаѓаат од нетехнички области. Овие резултати зборуваат во прилог на важноста од создавање разновидни и мултидисциплинарни тимови за развој на иновативни бизниси.“ вели Томиќ-Бркушанин.

Имајќи предвид дека српскиот екосистем сè уште е во рана фаза на раст, има и дополнителни слабости кои треба да се решат. Сепак, по неколку успешни години, екосистемот се обидува да го задржи овој моментум и во наредниот период.

Според Томиќ-Бркушанин, стартапите кои учествуваат во истражувањето како дополнителни предизвици исто така ги нагласуваат и недостатоците во врска со деловната култура и правната рамка на меѓународните пазари. Исто така, тука е недостатокот на искуство на глобалните пазари, што особено се покажува како препрека за глобалното проширување и стекнувањето на нови клиенти, развој на производи и бизнис модели кои во голема мера потоа влијаат на развојот на секој стартап.

Компаниите како лидери во развојот на екосистемот

Српската компанија за гејминг иновации 3Lateral денес е еден од предводниците во развојот на гејминг индустријата во земјата. Компанијта веќе повеќе од десет години развива иновативни технологии кои овозможуваат дигитализација на човечкиот изглед. 

Компанијата е исто така призната како пионер во гејминг индустријата индустријата за игри и има долга листа на успешни AAA гејмерски проекти. Технологија на 3Lateral  исто така се применува и во многу индустрии како што се вештачката интелигенција, биометриката, роботиката, автомобилската индустрија итн. 

Во последните неколку години, српската гејминг индустрија пак исто така бележи огромен раст – во 2020 српските гејминг компании остварија приходи од повеќе од 120 милиони евра, двојно повеќе од она што беше постигнато во 2018 година.

По скоро една декада од своето постоење, со тоа што во 2019 година стана дел и од американската компанија за софтвер и видео игри Epic Games во продажба вредна 7,7 милиони евра, 3Lateral сега планира изградба на нов кампус за иновации во Нови Сад, како еден вид на инвестиција во локалната ИТ заедница, а со тоа и во стартап екосистемот.

Кампусот би требало да биде изграден на парцела од 6.500 квадратни метри, најдоцна до 2024 година. Покрај гејминг индустријата, во кампусот исто така ќе се развива и технологија којашто ќе може да се примени во Метаверзумот.

 “Планираната изградба на аудиториум за размена на знаење на кампусот, дополнително ќе го зајакне партнерството на компанијата со универзитетите во Србија и ќе ја продлабочи соработката меѓу индустријата и науката“, изјави компанијата. 

Изградбата на кампусот со себе носи и нови можности за проширување на тимот на 3Lateral, но она што е исто така важно за компанијата е и давањето на поддршка на екосистемот. 

“Исто така, придаваме големо значење на поддршката на екосистемот, каде што по аквизицијата (од Epic Games) го проширивме опсегот на локални иницијативи и проекти што ги поддржуваме, и кои јасно ги преставуваат вредностите за кои се залагаат нашите тимови“, потенцираат од компанијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk