Распродажба на игри, филмови и програми на Steam

во Веб, гејминг

Од вчера, започна распродажбата на игри, филмови и програми на Steam, сè со цел да се одбележи Halloween и на оваа платформа. Па така, до 1 ноември имате на располагање стотици и стотици игри со попусти до 90%.

Од хорор игрите, би сакале да ви препорачаме да пробате да се исплашите со The Evil Within и Soma, акциониот фикс да го побарате со F3AR, a крвави пријателства да изградите со Vampire the Masquerade: Bloodlines. Don’t Starve се продава со солидни попусти, а ист е случајот и со Killing Floor, The Walking Dead, Metro серијалот, Outlast и Resident Evil.

На располагање имате и скромна понуда од хорор филмови и не толку страшни програми, од кои дефинитивно го издвојуваме Nimble Writer, особено доколку планирате да напишете хорор книга викендов. :)

Преку одделот Halloween Updates можете да видите не само бројни игри кои се на попуст туку и игри кои за ноќта на вештерките имаат подготвено соодветни настани. Од таквите, дефинитивно ја издвојуваме GTA V, Euro Truck Simulator 2, Superhot, Rome II и Eve Online.

Со кликнување на See All the Specials ги добивате целосните листи со сите игри кои се на попуст.

Пријатен шопинг! :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments