Футуристичкиот акционен шутер Re.Surs излезе и за конзоли!

Преку ретро инспирирана графика, Re.Surs пружа уникатна прилика за впечатлива акција со неколку херои, арсенал од оружја и бројни способности и моќи, се со цел да понуди, брзо, предизвикувачко и флуидно искуство. Од неодамна, играта излезе и на конзолите, но дали тоа значи дека треба да ја проверите?

PC верзијата на Re.Surs излезе пред скоро две години. Иако инди играта ima интересни и уникатни механики, сепак не успеја да генерира голем интерес помеѓу PC популацијата, извлекувајќи 87% позитивни рецензии, оставени од само 32 играчи. Што е навистина штета. Неколку дена како се дружиме со играта и пријатно сме изненадени од невообичаената приказна која е сместена во 2D side-scrolling околина, но и од уникатните херои и механики кои допринесуваат до адреналинска акција и флуидност во движењето. Згора на ова, Re.Surs е инди игра, но одредени изведби алудираат на квалитетна изведба, кои потсетуваат на делото на Remedy – Control.

X-Files од малку поразличен агол

На PS5, Re.Surs се одликува со забавен систем на битки, двојно поинтересен бидејќи користите контролер. Па така, битките стануваат адреналински спектакл каде со копчето X пукате, со O поставувате штит кој ги спречува непријателските куршуми, со R прелетувате од една до друга страна, а со L користите пиштол за зашеметување на непријателите кои се блиску до вас.

Додека играте, вашата улта се полни и штом достигне 100 проценти, со квадратчето нишаните и елиминирате сѐ околу вас. Згора на ова, оружјата прегрејуваат и таквата празнина ја искористувате или со избегнување или со користење способности.

Во пракса, ова пружа можности за брзи, непредвидливи, но секогаш забавни битки каде се потребни добри рефлекси и внимателно користење на овие способности. Во спротивно, многу лесно можете да бидете убиени. Иако непријателите имаат предвидена шема на движење и напади, брзо ќе научите како ве напаѓаат, со што вашите движења и напади стануваат втора природа.

За пофалба се и одлично осмислените босови кои, во комбинација со напнатата музика, знаат да го кренат адреналинот на зашеметувачко ниво. А, тука и таму, ќе наидете и на интересни системи за хакнување.

Re.Surs e игра од само еден девелопер кој живее во Украина

Комплексната приказна се одвива на преубави технолошко-напредни места или пак рушевини на некогашни цивилизации, а со бројните непријатели се спротивставувате користејќи најразлични способности, но и различни ликови. Горе-опишаните способности и улта припаѓаат на Џеси, но покрај неа ќе можете да заиграте и со уште три други ликови, секој од нив е поразличнa и пружа можности за експериментирање и поразлично справување со непријателите.

Доколку сте фанови на ретро инспирирани игри со одличен систем за акција и предизвикувачки босови како и (мора да потенцираме) една од најубавите музички подлоги, тогаш Re.Surs е игра која би можеле да ја проверите сега и на конзолите! Како дополнителна позитивна работа е тоа што цената воопшто не е висока (8 долари).

Повеќе детали за играта

  • Произведува: VidyGames
  • Издава: VidyGames
  • Жанр: survival action-roguelike
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Ќе излезе во: октомври 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk