Flame Keeper е уникатна акциона игра со roguelite механики. Играјќи со пламен, вашата цел е да го вратите вечниот пламен кој бил украден од суштествата кои демнеат од сенките. По долгиот ЕА период, играта неодамна излезе од раниот пристап на Steam, а финалната верзија донесе колекција од подобрувања, новитети и пријатни изненадувања.
Рaзгорување на пламенот
Flame Keeper е изненадувачки добар акционен roguelite. Пламенот со кој управувате импресивно се снаоѓа и прилагодува на се што ќе биде фрлено во негов правец. Иако почнувате со ограничувачки движења и потези, подоцна ќе отклучувате и надградувате значително подеструктивни и визуелно-импресивни комбинации, како комбо напади, пролетување од една до друга страна, удари кои оштетуваат група непријатели, па дури и моќни финишери.
Ова не значи дека ќе можете да правите баш се што сакате – кога сакате. Напротив, Flame Keeper одлично ја балансира тежината и користењето на вашите способности така што воведува паметен систем со кондиција. Имено, потребно е да знаете кога, што и како ќе нападнете бидејќи кондицијата временски ги ограничува вашите способности. Паралелно со ова, секој од непријателите се одликува со одредени слаби и јаки страни. Ова бара од играчот интимно да е запознаен со природата на суштествата, како би можело полесно да се елиминираат истите.
Од уништените непријатели собирате семе со кое подоцна отклучувате дополнителни способности и вештини. Извршување на одредени задачи, пак, ве наградува со корисни пасовни способности. Комбинација на сите овие работи што ги кажавме резултира со уникатни билдови кои го праваат секое преигрување поразлично.
Flame Keeper е забавна игра и одлична отскочна штица за развојното студио Kautki Cave. Доколку барате визуелно импресивен наслов со уникатни roguelite елементи, сега е одлично време да ја проверите неодамна излезената 1.0 верзија. Покрај нов пророк, нов биом, ќе можете да отклучите и дополнителни структури за вашето село, како и да се соочите со целосно нов и предизвикувачки бос.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Kautki Cave
- Издава: Untold Tales
- Жанр: акција, roguelite
- Платформа: Microsoft Windows
- ќе излезе на: 17 јуни 2024