Studio Seufz е развојно студио кое е превенствено познато по симпатичниот point and click walking симулатор THE LONGING, од 2020-та година. Нивната прва игра им донесе релативно голем успех, охрабрувајќи ги да размислуваат поамбициозно за нивниот следен проект. По четири години, Lucky Tower Ultimate конечно излезе како дел од раниот пристап на Steam. И. Е. Феноменална! Топла препорака за сите оние што бараат квалитетен и крајно непредвидлив roguelike со шаренолика графика и бројни комични ситуации!

Непредвидливо напредување
Играјќи со нарцисоиден, но харизматичен витез, имате за задача да се побегнете од кула која е како лавиринт од збунувачки соби. При секое преигрување, собите се одликуваат со најразлични смртоносни замки и чудовишта. Потребно е да сте свесни за околината околу вас и да внимавате што работите затоа што смртта доаѓа во најразлични банални форми.

Нашето прво преигрување зарши по само една минута, само затоа што стапнавме на играчка која го разбуди гладното чудовиште до нас. Нашето второ преигрување траеше две секунди. Точно две. Би сакале да се шегуваме, но не – две секунди. Толку. Влеговме во вратата и слушавме како некој вреска. Во првата секунда ѕидот зад нас се скрши и чудовиштето кое се провлече низ пукнатината нѐ смачка со џиновскиот чекан. Знаевме дека нешто лошо ќе се случи и дека можеби требаше да почнеме да бегаме, но не, целата ситуација беше толку апсурдно смешна да едноставно бевме како хипнотизирани. Во такви ситуации не можете да се борите со чудовиштето; едноставно не сте имале среќа – повеќе среќа нареден пат!

Наредниот пат пронајдовме корисна опрема и оружје, па дури и интересен сопатник. Сопатниците доаѓаат во најразлични форми и со најразлични способности. Често водите најразлични разговори со нив, а, по потреба, можете и да ги испраќате да проверат некоја соба или пак да им кажете да стојат на одредено место, како би, пример, активирале нешто со нивната тежина. Тука и таму, почнавме полека да се прилагодуваме на откачените ситуации, но никогаш не успеавме далеку да стигнеме – има премногу непознати, а секоја од нив е како еден чекор поблиску до крајот на ran-от. Од друга страна, битките со непријателите се едноставни, но забавни. Сите предмети, па дури и телата на непријателите, може да бидат искористени како оружје. Згора на ова, бројните монолози и разговори се одлично напишани и мајсторски одглумени, често успевајќи пријатно да нѐ насмејат.

Од сево ова што до сега го видовме, навистина не ни е јасно како може играта да стане уште подобра. Lucky Tower Ultimate е пример за игра од раниот пристап на Steam која е полна со интересни содржини и одлично се игра уште од првиот ден, нудејќи 4 сопатници, 10 различни видови на непријатели, 40 замки и над 150 предмети. И покрај ова, авторите ветуваат уште многу пријатни изненадувања како нови области, нови сопатници и квестови. За краткото време како е играта излезена, веќе може да се најдат 90% позитивни рецензии, така да, доколку барате забавен акционен dungeon crawler со roguelike механики и сув, но откачен хумор, Lucky Tower Ultimate е игра која би требало да ја проверите.




Повеќе детали за играта
- Произведува: Studio Seufz
- Издава: AMC Games
- Жанр: акциона авантура
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезе на: 13 септември 2024







