Гејминг преглед: Gori: Cuddly Carnage

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Еднорози се слатки суштества, нели? Не и во Gori: Cuddly Carnage. Сите играчки се деформирани, мутирани и полудени. Играјќи со мачето Гори, ќе имате за задача да ги уништите сите овие играчки и да го спасите професорот Вај. Вака опишано, и понатаму звучи како детска игра… можеби е подобро да го погледнете трејлерот!

Hack and Slash со слатко маче

Со арсеналот од смртоносни оружја и бројните комби движења, Gori: Cuddly Carnage никако не е игра за гејмери со слаби стомаци. Секоја минута во Gori: Cuddly Carnage се користи за сеење максимален хаос, летање на обезглавени тела, екстремитети и пливање во локви крв. Вашиот ховерборд не служи само за забавно и брзо преминување различни далечини преку бројни паркор потези, туку и за правилно позиционирање, а, потоа, и сецкање непријатели со запрепастувачка прецизност.

Играта ја завршувате за шест часа, што според нас, е сосема доволно.

Gori: Cuddly Carnage е игра која е замислена да ве забави со откачени стази, уште пооткачени непријатели и суптилна, смешна приказна. Иако борбените системи се крајно едноставни, изведбата никако не би требало да се потценува.

Движењата се прецизни, ефектите од ударите се впечатливи, а анимациите – веродостојни. Како резултат, добивате визуелна гозба од импресивни пресметки. Секоја од осумтте стази трае триесетина минути, со што Gori: Cuddly Carnage се поставува како исклучително кратка игра. Но, доколку успеете да ги соберете сите колекционерски работи од мисијата, ќе ви се отклучи дополнително ниво.

Како и да е, бројните забавни движења, како и уникатните босови кои се појавуваат на крајот од секоја мисија, би можеле долго да останат со вас и да ве охрабрат на уште едно преигрување во блиска иднина.

Крајот на мисијата го означува почетокот на битката со босот

Поради бројни невообичаени елементи и механики, Gori: Cuddly Carnage игра на шокантна карта. Како резултат, првиот час со играта е како адреналинско патување по испиени десет ред бул пијалаци. По одредено време, новината исчезнува и она што имате е брутална hack and slash игра со невообичаени мисии во еден извитоперен универзум. Нема ништо лошо во ова, но, некако посакувавме играта да можеше да го продолжи моментумот од почетните мисии. Голем плус е тоа што веќе имате достапно демо за играта и точно можете да проверите дали навистина е Gori: Cuddly Carnage добар спој помеѓу Tony Hawk и Devil May Cry!

Повеќе детали за играта

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments