(Oва е гостински пост на YES инкубаторот)
Во петокот се одржа првиот Google Developers Group настан во Македонија, на кој присуствуваа експерти, почетници и ентузијасти кои дискутираа на теми поврзани со Google технологијата. Настанот oрганизиран од YES инкубаторот, предизвика огромен интерес кај заедницата и беше проследен со одличен одѕив, со што Клубот на новинари беше наполнет до последното место.
На настанот говореа Мартин Анчевски од CodeWell, кој презентираше код на едноставна апликација; Игор Трајковски од Time.mk го претстави Google како работна средина и неговото функционирање; а онлајн презентација од Полска одржа Јакуб Јуркиевич од iTraff, кој го презентираше API-то на Regonize.im како технологија за препознавање на слики.
Странските гости Тал Футеран од StartApp inc. и Дан Ромеску од Augmented Citizen, имаа исто така впечатливи презентации. Г. Футеран зборуваше како програмерите може да ги монетиризаат своите Андроид апликации, а г. Ромеску ги презентираше најновите трендови во областа на проширена реалност и интелигентни системи. Тој исто така имаше и неколку изненадувања за учесниците, при што додели бесплатни влезници за најпрестижната германска конференција за игри Quo Vadis 2013, како и за најголемата независна Android конференција Droidcon 2013.
Повеќе детали ќе може да најдете на Facebook, Twitter, Google Group и Meetup.










