1 коментар 2 мин. читање 28 јануари, 2013

Vine на Twitter се претвори во порно сервис

Vine, новата iOS апликација за споделување на видео на Twitter,  се соочува со фактот дека „интернет е за порно“.  Проблемот кој го има апликацијата е што со едноставно пребарувања на #porn, #boobs или било кои зборови поврзани со порнографијата, лесно може да се најдат експлицитни содржини

Експлицитните содржини се најдоа на апликацијата која овозможува споделување на шест секунди долги видеа, за помалку од три дена, иако Twitter останува на ставот дека страната е без цензура, освен во случај кога е прекршен законот.

Засега како единствена „заштита“ од несоодветните видеа е да се надевате дека доволен број на корисници ќе ја селектираат содржината. Доколку е означена доволен број пати Twitter ќе ве извести дека содржината која сакате да ја видите е несоодветна.

„Корисниците можат да ги пријавуваат видеа како несоодветни во рамките на апликацијата, доколу веруваат дека содржината е чувствителни или несоодветни (на пример, голотија, насилство, или медицински процедури). Видеата кои се пријавени како несоодветни имаат предупредување кое гледачот мора да го потврди пред гледање на видеото.“, изјави претставник на Twitter за TechCrunch.

Останува да видиме дали Vine наскоро ќе биде отстранета од AppStore, откако таа судбина ја доживеа 500px.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Davidphams
Davidphams
5 years ago

Hell?, I enjoy reading al? of ?our article.
I wanted to ?rite a littlе c?mment tо support ??u.

Мени
Заедница
Изглед
To top