Првата епизода од The Expanse – A Telltale Series е кратко, но впечатливо искуство со значајни одлуки

Џејмс Кори е име кое првично беше познато по неговиот серијал од книги – The Expanse, а потоа и по истоимената серија. И книгите и серијата беа одлично прифатени од sci-fi фановите, така да доколку бевте фан на пишаната или филмската форма, имаме одлични вести за вас!

Стара формула во ново руво

The Expanse – A Telltale Series e наративна видео игра во епизоди, целосно заснована на универзумот кој се обработуваше и во книгите и во серијата. Доколку се играле некоја игра на Telltale, тогаш дефинитивно знаете што да очекувате тука. Слично на The Walking Dead, The Wolf Among US и Tales of Borderlands, во Тhe Expanse – A Telltale Series имате пет епизоди од кои моментно само првата е достапна, а секоја наредна епизода ќе излегува две недели по претходната.

The Expanse, меѓутоа, е игра развивана од девелопери кои се сметаат како ветерани на полето на наративни лектири. Deck Nine е развојно студио кое е првенствено познато по Life is Strange: true Colors, како и работата на DLC-то за првата Life is Strange. Пред да се нафатат на работата на The Expanse, беа задолжени и за римастер на првата Life is Strange колекција. Така да, да се каже дека не знаат што работат во The Expanse е потценување од епски пропорции.

Доколку сте претходно запознаени со The Expanse, тогаш повеќе од јасен е логичкиот избор во играта да се оди со Камина Драмр. Актерката Кара направи вистинска лудница во серијата, до тој степен да сценаристите ја префрлија од споредна во главна улога. Истата актерка го позајмува гласот на Драмр во играта. Овојпат, таа е XO и со мал тим се труди да спои крај со крај и да собере што е можно повеќе ресурси од напуштени или уништени вселенски бродови. Таквата професија воопшто не е лесна и изборите кои ќе ги донесе ќе ја вовлечат во опасна политичка игра и борба за преживување.

Моќта на изборот!

Многу од рецензиите на кои наидовме до детали ја објаснуваат приказната, одредени клучни одлуки кои ги донесувате и последиците од нив. Ние не можеме така, затоа што The Expanse – A Telltale Series е наративно искуство и целиот забавен фактор се темели на ваше лично искусување на приказната. Зборување за природата на изборите кои ги донесувате значително го намалува уживањето на вашата гејминг сесија и наместо да влегуваме во детали, ќе го кажеме само ова: низ епизодата донесувате избори кои ќе бидат запаметени од NPC ликовите. Некои од изборите се до тој степен големи, да приказната зазема значително различна форма. Во поголемиот дел на претходните Telltale игри, изборот беше илузија, но тука навистина не изгледа дека е така.

Ова не е истото Telltale студио што ги правеше сите претходни игри. Deck Nine се има погрижено да ја понуди графички најубавата игра од сите претходни, со значително подобри визуелни ефекти и анимации. Паралелно со ова, воведува и нови механики за патување, односно лебдење во вселената и истражување на одредени локали со пркосење на гравитацијата. Како резултат, имате стабилен продукт полн со политичка интрига, закана за војна и драма.

Единствена забелешка која ја имаме во првата епизода е тоа што е премногу кратка и ќе ви одземе онолку време колку што би ви одземало да одгледате една епизода од серијата, односно од 40 до 60 минути. Разочарувачки кратко, дури и кога ќе ја земете во предвид големата преигрувачка вредност и поминете уште неколку пати низ епизодата за да ги видите резултатите од поразличен избор.

Акцент на патување, а не на дестинација

По огромна пауза навраќање на игра скроена според Telltale теркот беше како враќање дома. Заборавивме колку само ни недостасуваат вакви игри во епизоди каде гејмплејот дава предност на одлична приказна и донесување значајни избори. Би сакале првата епизода да е подолга, но и покрај ова, апсолутно уживавме во епизодата. Ако ги прочитавте книгите, ако ја изгледавте серијата, Тhe Expanse – A Telltale Series е следниот чекор кој треба да го преземете. Дури и да не играте игри, Telltale форматот е дизајниран на тој начин да е повеќе филм отколку игра.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Deck Nine
  • Издава: Telltale
  • Жанр: Наративна авантура, избор
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 27 јули 2023

Оценка

  • Вкупна оценка: 8.25
  • Приказна: 9
  • Гејмплеј: 7
  • Графика: 8
  • Звук и музика: 9

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments