Spellbound Survivors е (уште една) ретро-инспирирана акциона roguelite игра

Во последно време, имаме впечаток дека кој-што-работи, ние само пишуваме за Vampire Survivors клонови. Причината поради тоа е што формулата која се воспостави со чедото на poncle стана исклучително посакувана и освежителна механика помеѓу гејмерите, Како резултат, развојните студија даваат сѐ од себе да зграпчат дел од колачот. И покрај сѐ, железото се кове додека е жешко.

Spellbound Survivors се заканува да биде сѐ што беше Vampire Survivors но и многу повеќе од тоа.

При крајот на годината, студиото ToastedSquadStudios ќе ве покани да навлезете во пикселизиран свет каде секоја мапа се открива пред вас како посебна страница од една епска приказна. Имено, играта ја започнувате на една мапа и доколку успеете да исполните одредени предуслови, ќе можете да ја отклучите следната мапа. Но, паралелно со отклучување на мапата, отклучувате и нови способности и моќи, при што се создаваат уникатни услови за значително поразлично играње во нова околина.

Уникатноста не доаѓа само од способностите и моќите што ги отклучувате при совладување на секоја мапа, туку и од ликовите со кои ќе решите да играте. На располагање имате импресивна листа од ликови кои се одликуваат со различни статистички вредности, како во поглед на издржливоста и силата, така и во поглед на нивните офанзивни и дефанзивни можности. Комбинацијата од овие две клучни елементи (моќи и ликови) допринесува до висока вредност на преигрување.

Spellbound Survivors излегува дури на 29 декември и воопшто не ни е криво што толку многу треба да почекаме. Додека се крчка чедото на Toasted Squad Studios, ние ќе го пополниме времето со неодамна излезената Hero Survival, како и нашата омилена Yet Another Zombie Survivors, или одличните Vampire Hunters и Fellowship. Едно е сигурно: сега е одлично време да сте фан на ретро инспирирани Roguelite/ Bullet Hell игри!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: ToastedSquadStudios
  • Издава: ToastedSquadStudios
  • Жанр: ретро, акциона roguelite
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Ќе излезе на: 29 декември 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk