Прв поглед на Guild Wars 2

Викендов стартуваше една од најдолго очекуваните MMO игри – Guild Wars 2. По повеќе од пет години во развој љубителите оваа онлајн игра конечно може да видат што ArenaNet им подготви.

Морам да признаам дека не сум „хардкор“ фан на Guild Wars и дека второто продолжение е мое прво искуство со играта (слободно го споделите вашето искуство во коментарите). Можеби затоа имам голем број на потешкотии во текот на играњето и уште повеќе во текот на надградувањето на карактерот. За разлика од останатите игри како World of Warcraft или Star Wars: The Old Republic, тука нападите зависат од типот на оружје кое го користите, па некои напади ќе можете да ги користите единствено со оружје или комбинација на оружја кои го „отклучуваат“.

Продавачите на подобра опрема во играта најчесто се заклучени кога првпат ќе ги сретнете и ќе треба да ги завршите нивните мисии за да почнат да ви продаваат опрема. Валутата со која купувате опрема од овие продавачи е наречена „карма“. Собирањето на овие карма поени е еден од најинтересните делови на играта. Шетајќи се по мапата ќе добиете порака за настан (event) кој започнува во ваша близина, најчесто самостојното поминувањето на овие настани е прилично тешко, но за среќа играта има огромен број на играчи кој веднаш се упатуваат натаму.

[youtube]Em0Sd60iI2w[/youtube]

Како и што најавија ArenaNet, навистина не ги поделија класите на тенкови, лекари и DPS, па секоја класа има некоја способност со која ќе се излечи. За разлика од другите игри одбегнувањето на ударите во Guld Wars 2 е мануелно и играчот треба да го погоди вистинскиот момент кој, барем засега, можете да го предвидите единствено од анимацијата, но за ова веќе неколку пати треба да го имате видено непријателот.

Класите во играта не се невидени до сега иако има неколку интересни избори. Ќе може да играте со Elementalist, Engineer, Guardian, Mesmer, Necromancer, Ranger, Thief, Warrior. Барем во почетните зони сите комбинации на раси и класи имаат различна приказна иако далеку од уникатни. Нарацијата и приказните ја немаат истата тежина како приказните во Star Wars: The Old Republic, па дури и од новите мисии на World of Warcraft.

Меѓутоа, играта зависи од играчите кои во GW2 се друштвени и најчесто дотрчуваат да ви помогнат, без разлика на тоа дали се борите со некое чудовиште или испраќате некој NPC. За тоа се заслужни и развивачите на играта кои направиле дистрибуцијата на „пленот“ да биде како во Diablo 3, па секој играч добива различни предмети.

Според играчите на првиот дел, PvP е најдобриот дел од овие игри, a некои од нив ја прогласија Guild Wars за најдобра PvP игра. Не е прв пат играчите од различни сервери (светови) меѓусебно да се натпреваруваат, но овој пат навистина ветува. За повеќе како изгледа играта на крајното 80-о ниво ви го препорачуваме стримот на Kungen од Nihilium.

Играта чини 2.750 денари, а покрај дигитална копија можете да ја најдете и во Југотон и сигурно ја има и во другите .мк продавиници, но во моментов, поради преголем број на играчи, е прекината продажбата на дигиталните изданија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments