Music Racer: Ultimate е релаксирачка игра со ритам и музика

Гејмерската индустрија бележи бројни игри кои експериментираат со музиката и ги засноваат гејмплеј механиките на ритам. Но, не сите успеваат во формулата. На наше пријатно изненадување, Music Racer: Ultimate се покажа како интересен и забавен наслов, особено кога сакате да се опуштите по еден долг ден.

Достапна само за конзолите, од претходната и моментната генерација, Music Racer: Ultimate ви дозволува да возите sci-fi возило на откачени, футуристички стази, каде возење и одржување со ритамот на музиката е од клучна важност. Па така, откако ќе изберете одредена песна, стазата на која возите, поените кои ги собирате и пречките кои ги избегнувате се прилагодуваат на песната. Како резултат, она со што сте оставени е експлозивен коктел и незаборавно возење во уникатно изградени локации, со брзина и атмосфера која се менува во зависност од избраната песна.

Во Music Racer: Ultimate имате на располагање 14 нивоа, но 25 возила кои можете да ги визуелно прилагодувате како што вас ви одговараат. Возилата ги возите во еден од 4 достапни режими на игра.

Најдобриот дел во Music Racer: Ultimate е тоа што музиката ја избирате од Audius и имате на располагање огромен број песни. Паралелно со ова, можете да возите и на ваша музика, која ја активирате во играта преку WebDAV, односно музиката ја пуштате преку вашиот компјутер или телефон и таа се пренесува во играта за да стазата на која возите соодветно се генерира во реално време.

Студиата AbstractArt и Light Road Games имаат направено одлична работа со играта и од срце ја препорачуваме кога преку песна сакате да го започнете патувањето кон една порелаксирачка благосостојба.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk