Metamorphosis e игра инспирирана од истоимената новела на Франц Кафка

Metamorphosis е кратка игра во која играте како инсект. Ова пружа бројни можности за креативно решавање загатки во свет кој е уникатен поради сменетата димензија, интригантната приказна и впечатливите ликови на кои наидувате.

Откако ќе се разбудите едно утро само за да дознаете дека сте трансформиран во инсект, ќе вложите сили за да ги најдете одговорите кои ви се потребни и телото кое го заслужувате. Како додатна мотивација за враќање во нормала, вашиот пријател е обвинет за вашето исчезнување. Дали ќе успеете да ја наметнете вашата доминантна улога во општеството на инсектите, како ќе се справите со тајната организација The Tower и каква ќе биде иднината на вашиот пријател?

За да добиете одговор на сите овие прашања, имате на располагање солидни гејмплеј механики. Во Metamorphosis, играте во прво лице, а напредувате низ приказната така што решавате загатки. Загатките може да се од најразлична природа, започнувајќи со паркор предизвици, преку качување на ѕидови, па сè до барање траги, избегнување опасни места и прескокнување препреки. Вистинско задоволство е да се управува телото на инсектот и да гледате на секојдневни предмети како потенцијални предизвикувачки препреки.

Низ четиричасовната кампања, имате на располагање бројни загатки, но ниедна од нив не делува фрустрирачка или заклучена зад нелогични решенија. Секоја препрека би можеле да ве замисли само за моменти. Во ова дефинитивно помага уникатната мапа каде камерата се оддалечува од вас и ви дава подобар увид во околината. Благодарение на ова, лесно можете да се ориентирате и да дојдете до логичниот заклучок. Имајте во предвид дека Metamorphosis не е за луѓе на кои премногу им се одвратни инсектите. Во таа ситуација, лесно би можеле да бидете вознемирени и само доколку погледнете со камерата во вашите нозе.

The Metamorphosis e феноменална новела од еден феноменален писател. Играта на Ovid Works, нуди поразлично, но незаборавно патување и истражување на светот кој, во слична форма, со децении доминира во потсвеста на читателите на Франц Кафка. Играта се чини како природно надоврзување на новелата и храбра, освежувачка авантура која не се плаши да направи нешто поразлично. Иако кратка, одредени мапи во играта, особено пародичниот начин на кој е прикажано бизарното општеството на инсектите се најсветлата точка во Metamorphosis и вистинско задоволство за истражување.

Паралелно со тоа, загатките се уникатни и со одлично прилагодено ниво на предизвик. Во ниеден момент ниту ризикуваат фрустрирање, ниту пак се премногу лесни. Ваквиот баланс дозволува секое надминување на препреката да ве исполни со чувство на заслужено достигнување. Дефинитивно проверете ја играта на PC, Nintendo Switch, Xbox One, или PlayStation 4.

Оценка
Вкупна оценка: 8
Приказна: 8
Гејмплеј: 8
Графика: 7
Звук и музика: 9

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

MDH Insurance Services DOOEL

Mid/Senior .NET Software Developer

Singular

Team Lead

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Digilink Konsalting

Java Script Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk