Logitech претстави нова серија слушалки и звучници за паметни телефони

во Хардвер

Logitech ја покажа новата серија на звучници Ultimate Earphones. Нова серија на слушалки не е ништо ново, но сепак станува збор за речиси цела серија безжични звучници и слушалки, наменети пред се за користење со паметни телефони и таблет компјутери.

Покрај квалитетниот звук новата серија се истакнува и со одличниот и практичен дизајн. Единствен недостаток е исклучително високата цена, па така за Logitech 9000 кои се опремени со технологија за намалување на шумот и Bluetooth ќе треба да издвоите 400 долари.

Logitech UE Boombox е звучник за „паметни“ телефони кои ќе можете да го поставите на одалеченост од 15 метри од телефонот или таблет комјутерот, а може да се користи на речиси сите телефони, а чини 100 долари.

Сите уреди се безжични, иако за случај кога ќе им се испразнат батериите доаѓаат со кабел, кој може и целосно да биде исклучен се додека не ви затреба.

[youtube]wtg9hehylAw[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments