0 коментари 1 мин. читање 1 јуни, 2020

Прослава на 60 години IBM 1401 со диорама

Во октомври 1959 IBM го најави IBM 1401, компјутер кој започна револуција во индустријата. Компјутерот беше масовно произведуван и имаше огромен интерес од купувачите. За да ја одбележи 60 годишнината, Imgur корисникот 6502b од декември работи на диорама на компјутерот.

Диорама е 3д-минијатура, модел на некој простор. Често за да бидат повпечатливи на овие експонати им се додава и осветлување. Секако 3Д-принтерите би можеле да помогнат, но за вистинските хобисти ова не доаѓа предвид.

Освен изгледот на компјутерот од постот на Imgur, може да дознаете многу интересни податоци за IBM 1401, на пример:

IBM 1401 нема процесор како модерните компјутери, изработен е од илјадници единечни транзистори изработени на SMS картичка и сите се поврзуваат рачно. Целата единица е она што го создава процесорот.

Подолу може да разгледате дел од сликите, но секако посетете ја страницата на Imgur.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top