Пропадна Zano, дронот кој доби 3,4 милиони долари од краудфандинг

во Свет, Хардвер

Најголемиот европски проект на Kickstarter, минијатурниот дрон Zano, пропадна за жал на тие што го поддржаа проектот. Британскиот стартап од корисниците доби средства за реализација на проектот во висина од 3,4 милиони долари, и тоа што е загрижувачки е што овие средства нема да им бидат вратени. „Разочарани сме од крајниот резултат на проектот Zano. Би сакале да ја искористиме оваа можност да им се заблагодариме на сите кои го поддржаа проектот во овој тежок период, пред сѐ на вработените чија поддршка и поврзаност ги надмина сите очекувања,“ вели Zano во изјавата до поддржувачите, која ја пренесе Ars Technica.

Проектот требаше да заврши со функционален дрон кој ќе може автономно да лета околу сопственикот, да фотографира и да ги испраќа видеата и фотографиите до телефонот. Стартапот тврди дека испорачале 600 летала, но поголемиот дел од тие летала не биле ништо налик на ветеното – биле со лош квалитет на слика, лоша батерија и без можност анонимно да ги следи корисниците. Kickstarter проектот го поддржаа 12.000 луѓе, па 600-те корисници кои го добиле своето летало се занемарлив број. Во јуни и ВВС објави дека има проблем со проектот, но тогаш креаторите тврдеа дека иако испораката доцни сепак проектот ќе биде завршен. Оддолжувањето на роковите, како и одбивањето на презентација на прототипот сепак беше добар показател дека проблемите со дронот не се мали.

Тоа што е лошиот резултат од кампањата е што парите на корисниците нема да им бидат вратени, иако е пракса Kickstarter да враќа пари на корисници доколку проектите изгледаат неостварливо. Но, кога има случај како Zano, Kickstarter вели дека поддржувачите не се купувачи, и дека секој нивен влог е всушност ризична инвестиција. Сепак, со овој милионски пропуст покажуваат дека Kickstarter мора да ги заштити корисниците подобро, а до тогаш корисниците треба да бидат попретпазливи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments