0 коментари 2 мин. читање 10 јули, 2015

ПроКредит банка си купи пет електрични автомобили

За само еден месец електричните автомобили станаа вообичаена вест и во Македонија. Првиот електричен автомобил во продажба беше претставен на почетокот на јуни, пред некој ден беше претставен и првиот полнач за електрични автомобили, а сега има вест дека ПроКредит банка си купи пет Volkswagen E-AP за свои потреби. Oва возило има електричен мотор од 18.7 kWh со кој може да се поминат нешто над сто километри пред да треба да се наполни. Автомобилите ќе се полнат преку батерии на соларни панели.

„Нашиот возен парк сега се обновува со електрични возила за урбана средина и со хибридни возила за подалечни дестинации. Во Централната управа инсталиравме 4 станици за напојување со 230 V, но во нашата нова Управна зграда која е во фаза на изградба овие возила ќе се напојуваат со струја од соларни панели“, вели Емилија Спировска од ПроКредит Банка

Oд ПроКредит велат дека електричните автомобили се дел од регионална иницијатива на корпорацијата, со која се купени 50 електрични автомобили за експозитурите во Југоисточна Европа. Претходно банката водеше еколошка кампања за едукација да се намали употребата на пластика.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top