0 коментари 2 мин. читање 10 јули, 2015

Погледнете како навистина изгледа проширената реалност на HoloLens

Погледнете ги сите тие прекрасни холограми, но не овој пат. За разлика од претходните презентации на можностите на проширената реалност на HoloLens, во кои Microsoft презентираше просторија преполна со холограми, фантастична реалност од иднината како што само може да си посакаме во соновите; сепак овој пат е објавено видео кое дава малку пореална слика како работи уредот, конкретно што би можел да го направи за образованието.

За разлика од претходните презентации на кои HoloLens изгелдаше предобро за да биде вистинит, на оваа се забележуваат и дел од ограничувањта на уредот. Но, се уште останува импресивна технологија. Изборот за презентацијата е час на некои од медицинските универзитети, а според она што можеме да го видиме, предавачот речиси без напор се префрла од еден на друг холограм, го разделува на повеќе слоеви и преместува делови од основниот холограм. Уредот како и сите останати очила за проширена реалност го ограничува видното поле, но кога ефектот се пренесува со специјални камери ова не се забележува. Сепак во оваа презентација на помал дел од кадрите може да се забележи ограничувањето и помалиот екран на кој е презентирана виртуелната реланост.

За зголемување на областа на примена на HoloLens, Microsoft започна со понуда за грантови од 100.000 за сите истражувачи кои сакаат да пронајдат нови начини и области на примена, вели Verge.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top