Поголем екран и помоќен процесор кој ги надминува сите други уреди на пазарот. Овие две карактеристики му помогнаа на iPhone 6 и iPhone 6 Plus да ги сруши рекордите на продажба. Само во првиот викенд откако се појавија во продажба двата нови телефони се продадоа во 10 милиони примероци. Затоа беше и очекувано што директорот на Apple, Тим Кук, им се заблагодари на корисниците за „најдоброто лансирање на iPhone“.
Големиот екран е секако новина кога се работи за iPhone, но веќе видовме еден куп „фаблети“. Но, тоа што го прави iPhone 6 поинтересен е што доаѓа со нова генерација на моќен А8-процесори кој е со 64-битна десктоп архитектура. Дел од порталите веќе започнаа да излегуваат со првите информации за перформансите на iPhone 6 и iPhone 6 Plus, но и на новиот А8-процесор. На стандардните бенчмарк и тестови на прелистувачи, А8 и iPhone 6 се речиси без конкуренција. Со оглед на тоа дека резултатите на бенчмарк тестовите соодвествуваат со порастот на фрекфенцијата, не станува збор за нова архитектура на А8-процесорот, констатира Anandtech.
На графичките бенчмарк тестови iPhone повторно има значително водство пред конкурентите, иако Nvidia Shield таблетот е без конкуренција во оваа категорија. Поглемата резолуција од 2208х1242 на iPhone 6 Plus ги намалува резултатите на бенчмарк тестовите на овој телефон.
Што се однесува пак до батеријата iPhone 6 Plus овозможува интернет прелистување од над 13 часа помеѓу полнењата. iPhone 6 со околу 11.5 часа е нешто послаб, но сепак и ова е одличен резултат.










