Tracking Point е компанија која работи на подобрување на прецизноста на огненото оружје. Поради современата технологија која е вметната во пушките произведени, компанијата вели дека вистински почетник може да погоди мета на растојание од околу 1.000 метри со речиси 100 отсто прецизност.
За прецизност на голема даличина е потребно или големо искуство или брзи пресметки. Штом го истрелате куршумот тој почнува да паѓа, а помеѓу факторите кои влијаат на балистичката крива се надморската висина, растојанието и наклонетоста. Решението на Tracking Point е мини-комјутер сместен заедно со оптичкиот нишан, а овозможува преглед на: целта, аголот на пукање, траење на батеријата, зум, како и некои променливи во околината. Сето ова поприлично наликува на видео игра, вели Дара Кер за CNet.
[youtube]LvbyAcYjzlc[/youtube]
„Уредот е десеткратно подобрување на тоа што може да го направат тренирани стрелци. Сум пукал против најдобрите. Сум пукал и против Олимпијци во Финска, ништо не е ниту блиску до можностите кои ги имаме“, вели Аугуст Крокет, искусен стрелец.
Во раце на полицијата или војската, ова оружје можеби може да допринесе за безбедноста, автоматско нишанење на цел и речиси 100 отстотна прецизност е одлична вест, а покрај ова тука е и неможноста за испукување доколку не нишаните на целта. Сепак во раце на злонамерници Tracking Point е навистина опасно оружје, за среќа пушката чини 25.000 долари и доаѓа во ограничени количини па секој нема да може да си ја дозволи.







