Конечно ќе може да ги едитирате објавените постови на Facebook

0 коментари 1 мин. читање

Неверојатно, но до сега немаше опција да едитирате веќе објавен пост, ниту пак беше јасно зошто Facebook игнорира една таква неопходна функционалност, и ги тераше корисниците да бришат и повторно да го објават постот откако ќе се поправат грешките. Но, сега друштвената мрежа дозволува едитирање на постовите, како што се едитираат и коментарите и текстот на фотографиите. Опцијата е достапна за десктоп и Android корисниците, а наскоро и за корисните на iOS.

Копчето за едитирање ќе го најдете веднаш до паѓачкото мени кое го има секој пост. Кликнете на малата стрелка за надоле, одберете Edit и поправете го постот од грешки или променете го комплетно. Како и кај уредување на коментарите, Facebook ќе го означи секој променет пост како Edited со можност да се прегледаат сите претходни верзии. Причината за ова е да знаат корисниците дека не се измамени од страните што постирале еден статус, кој подоцна го промениле комплетно.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед