Како што беше најавено претходно, iPhone 5 од денес е и официјално достапен во Македонија, поточно во Македонски телеком. Цената на самиот телефон е секако висока, но многумина од македонските iOS Корисници го земаат телефонот по тарифа која го нуди уредот по помала цена и рати. Во моментов се нуди само iPhone 5 16 GB во црна и бела боја.
iPhone 5 е првиот iPhone кој е со поголеми димензии од останатите телефони на Apple. Уредот работи на Apple A6 процесор, има од 16 до 64GB простор, има 8 мегапиксели камера… Повеќе детали ќе најдете тука.
iPhone 5 16GB само телефон во @tmobilemk е 45 990 ден. (750eur) #wow
— Daniel Brzanov (@delicon) December 14, 2012
Како и секој уред на Apple, така и овој уред привлече големо внимание. Пример за тоа се првите пет дена по претставувањето во септември во кои се продадоа 5 милиони вакви уреди. Но, прашањето е дали вие ќе го купите iPhone 5? Или пак целите кон Android, па и Windows Phone 8 телефон?
Коментари
20 коментари
Коментарите се затворени.