Зошто Google се труди да направи добри апликации за Apple-овиот iOS?

во Мобилни

Зошто Google се одлучи да гo спаси Apple од мизеријата во која западнаа со издавање на сопствени мапи? Зошто кога Google има инвестирано во сопствен оперативен систем, со кој Apple е во „термонуклеарна војна“ (според зборовите на Стив Џобс),  веќе подолг период.. Дали Google e „поголема“ компанија од двете или им здосади од вечните препирки?

Одговорот е поедноставен. Според Wired, сето ова е заради пари, пари кои Google ги добива со Google Ads без да фаворизира еден оперативен систем или платформа. Компанијата има многу мала заработка од Android, и речиси целокупната заработка доаѓа од рекламите.

Сега Google е во подобра позиција со Maps на iOS отколку пред Apple да се одлучи сам да прави мапи. Тогаш податоците ги праќаше Google, а Apple ги интегрираше во iOS. Сега ситуацијата е различна сопственик на апликацијата е Google и со самото тоа можат да си го користат просторот за реклами. Слична е ситуацијата и со Gmail за iOS. Предвидувањата на повеќето аналитичари се: дека и покрај тоа што засега Google Maps за iOS се без реклами, ваквата ситуација нема да се задржи на подолг рок.

„Google сака да биде присутен на сите поголеми платформи, но и да нуди најквалитено можно решение.“, објасни Даниел Граф, директор на Google Maps.

Во моментов Google ја има најпопуларната апликација за iPhone, и со тоа се разбира дека Google ја „помага“ популарноста и продажбата на iPhone. Но ниту Google не е обесправен. Во моментов успеја да ја врати својата најдобра апликација на iOS, доколку останат доволно долго, a и следните изданија се доволно квалитетни ќе заземат уште поголем дел од пазарот.

Да не заборавиме Google во своја сопственост гo има повеќе стартапи или етаблирани компании  како Zagat,  со кои  „мапите“ можат да почнат да нудат препораки, рецензии, совети, интеграција со  Google+, односно интеграција на голем беој на апликации во една. Ова ќе овозможи  доминација на оваа апликација во App Store, а со самото тоа ќе биде оружје кое Google може да го искорист против Apple.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments