Како Reddit стана толку популарен? Па, на тој начин што на почетокот целата Reddit заедница се засновала на илијадници лажни профили создадени од ко-основачите на сајтот, вели Стив Хофман (еден од ко-основачите на Reddit). За сајтот да изгледа полн, Хофман и Алексис Оханиан испраќале линкови како од други личности, односно со различни кориснички имиња. Таа стратегија, Хофман ја објасни во едно видео за Udacity.
„Ќе отидевте на Reddit во првите неколку месеци и ќе видевте еден куп лажни корисници.“, вели Хофман во своето видео.
Доколку се пуштевте на сајтот и тој е празен, тој изгледа како град на духови. Затоа тој и Оханиан ја имаат формирано таа армија од лажни корисници и секојдневно испрќале содржина што тие сакале да ја читаат, а во исто време била и популарна. Сепак за да успеете и да стигнете до 35 милиони уникатни посети, не се потребни само тие лажни корисници преку кои се популаризирал сајтот на почетокот.
„На друштвените сајтови им е потребно и малку магија за да профункционираат.“, додава тој.
[youtube]zmeDzx4SUME[/youtube]







