Последен повик за вклучување во истражувањето „Мапирање на ИТ индустријата – издание 2024“

Avatar img-thumbnail img-circle

во Блог, ИТ.МК

На 6-ти март го отпочнавме процесот на прибирање на податоци за истражувањето Мапирање на македонската ИТ индустрија – издание 2022, во кое за само 24 часа одговорија над 1.000 учесници. Во моментов, истражувањето за 2024-та е само неколку учесници пократко од исполнување на таргетираната бројка од 2.000 учесници.

Истражувањето ќе трае до 23.59 часот на 10-ти мај, 2024-та, па согласно на тоа упатувале последен повик за приклучување во истражувањето. Учество може да земат сите ИТ професионалци во индустријата (програмери, дизајнери, маркететери итн…)

Досегашните учесници:

  • 78.6% машки пол, 21.4% женски пол,
  • 82.5% се учесниците се од секторот девелопери/програмери/QA/систем-администратори,
  • Само 19.3% од испитаниците работат од 5 дена од канцеларија,
  • 31.4% од испитаниците произнесоа дека во нивните компании во последните 12 месеци имало отпуштања на кадар…

Целото истражување ќе биде објавено крај на мај.

Истражувањето нуди интересни бројки, сознанија како и очекувани и неочекувани трендови – но ќе почекаме за јавно споделување по валидирањето на податоците и нивна обработка од страна на Data Masters кои ни се соработници на тоа поле. Објавата на податоците е планирана за крај на мај, а доколку сакате може да се претплатите на е-билтенот наменски само за да добиете известување кога ќе бидат објавени – формата е достапна тука под делот Започни анкета.

Придонеси кон мапирањето со учество во анонимна анкета која ке ти одземе околу 5 минути од времето!

ПРИКЛУЧИ СЕ ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО
(анкетата ќе ти одземе 5-10 минути)

Податоците ќе бидат достапни и во RAW формат – бесплатно за академскиот сектор и индивидуалци кои ќе ветат дека нема да ги користат за комерцијални цели. А за комерцијално користење ќе има можност да се закупи комерцијална лиценца која ќе дава права за користење во такви цели без ограничувања.

Она што е многу важно е дека истражувањето е АНОНИМНО бидејќи прашуваме и бројка за нето примања. Како алатка за прибирање на податоците ќе ја користиме Google Forms, а од сите вас бараме да играте фер-плеј и заедно да придонесеме кон податоци кои утре сите ќе може да ги користиме.

Ок, доста муабет, носи ме кон анкетата

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments