Поради намалената заработка од криптовалути, „рудниците“ се пренаменуваат за вештачка интелигенција

Промената која во септември ја направи Ethereum со префрлањето од „Proof of Work“ на „Proof of Stake“ значително влијаеше на заработката на голем дел од крипто-рудниците. Како последица на ова, целата инфраструктура која се користеше, сега бара нов простор во кој може да биде профитабилна.

Дел од поголемите компании кои имаа рудници сега се подготвени криптовалутите да ги заменат со вештачка интелигенција. Hive Blockchain и Hut 8 Mining се две компании кои се подготвени своите графички картички да ги пренаменат за вештачка интелигенција. Hut 8 во 2022-ра има заработка од 16,9 милиони долари, а дел од оваа сума отпаѓа и на пресметки за вештачка интелигенција. Hive планира до 2024-та година, 10 пати да ја зголеми својата заработка на 10 милиони долари.

Двете компании направиле значителни инвестиции во хардвер, пред сѐ графички процесори, во периодот пред префрлањето на Ethereum. Инвестирале десетици милиони долари во опрема од која наскоро не можеле да заработуваат. Дел од големите рудници на криптовалути, како последица на промените банкротираа.

„Ако можете да искористите дел од таа инвестицијата во графички картички за копање и да ги замените со нови картички, тогаш тоа е логично“, вели директор на Hut 8, Џејми Левертон за Bloomberg.

Сумата која криптокопачите ја инвестирале во опрема е проценета на 15 милијарди долари. Пренамената е добра вест за дел од сопствениците на инфраструктурата, но за жал најголем дел од графичките картички не се соодветни за вештачка интелигенција. Помеѓу 5 и 15 отсто од постоечките картички може да се користат за вештачка интелигенција, останатите ќе треба да се заменат.

Ова звучи полесно отколку што навистина е. Цената на Tensor H100 графичките картички на Nvidia е околу 10.000 долари. Па замената на несоодветните графички картички лесно може да достигне супер-високи суми. Некои графички картички, на пример RTX 4090, може да се користат за вештачка интелигенција, но на овие отпаѓа мал дел од севкупниот хардвер.

Дека пресметките за вештачка интелигенција може да помогнат во заработката покажува и податокот дека секој ден, само за ChatGPT, OpenAI троши помеѓу 700.000 и 1 милион американски долари на трошоци за сервери. Оваа пресметка се однесува единствено на оперативните трошоци, а не и на трошоците направени за тренинг на вештачката интелигенција, пренесе Business Insider.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Kоментари на статија (2)Што се дискутира на ИТ форум...

Нема одговори сè уште.

Loading new replies...

Промената која во септември ја направи Ethereum со префрлањето од „Proof of Work“ на „Proof of Stake“ значително влијаеше на заработката на голем дел од крипто-рудниците. Како последица на ова, целата инфраструктура која се користеше, сега бара нов простор во кој може да биде профитабилна.

одговори 4 лајкови

види цела содржина...
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Pane24
Pane24
3 years ago

Лаком гз 2 к… јаде.

Tale30
Tale30
3 years ago
Reply to  Pane24

U redu e